Пердувеста кукумјавка

вид птица
Пердувеста кукумјавка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Утковидни
Семејство: Утки
Род: Aegolius
Вид: Пердувеста кукумјавка
Научен назив
Aegolius funereus
(Linnaeus, 1758)
Подвидови

7, види во текстот

Пердувестата кукумјавка (научAegolius funereus) е мала утка. Таа спаѓа во „типичните утки“ на семејството Strigidae, која ги содржи повеќето видови утки. Се среќава и во Македонија.

Опис

уреди
 
Младенче во Инсбрушката зоолошка градина

Пердувестата кукумјавка е долга 22-27 см со распон на крилјата 50-62 см. Таа кафеава одозгора, со бели дамки на рамењата. Одоздола е бела прошарана со надолжни линии со боја на ’рѓа. Главата е голема со жолти очи и бели фацијални дискови и со изглед на „изненаденост“. Клунот е светложолт.[2] Летот е силен и директен. Младенчињата се чоколаднокафеави.

Поведение

уреди

Пердувестата кукумјавка е несоцијална ноќна утка.[3]

Огласувањето на оваа утка е како звукот на мавтање со крилјата.[4]

Овој вид вообичаено не е птица преселница, но наесен значаен број се селат појужно. Таа не се оддалечува многу од местото на размножување, иако е тешко да се открие надвор од сезоната на парење, кога воопшто не се огласува.

Размножување

уреди
 
Aegolius funereus funereus

Оваа птица се размножува во густите четинарски шуми низ северниот дел на Северна Америка и Евроазија, во планините како Алпите и Карпести Планини во Канада. Несе 3-6 јајца во дупка во дрво. Низ Европа, но и низ Азија и Америка, природнонаучниците и орнитолозите ставаат кутии за гнездење за оваа и другите мали утки.

Исхрана

уреди

Оваа мала утка претежно се храни со глодачи, други мали цицачи, но и со птици и инсекти и други безрбетници. Таа е ноќна птица, но понекогаш е принудена да лови и дење заради кратките ноќи летно време.

Смртност

уреди

Познато е дека пердувестата кукмјавка живее над 16 години. Бидејќи е ова мала утка, таа често е ловена од страна на поголемите, како и од други грабливци, што го скратува нејзиниот просечен животен век.

Подвидови

уреди

Пердувестата кукумјавка има 7 подвида:

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Aegolius funereus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Bull, Farrand (1994). National Audubon Society Field Guide to North American Birds: Eastern Region. New York: Alfred A. Knopf. стр. 554. ISBN 0-679-42852-6.
  3. The Owl Pages. [1], Посетено на May 10, 2013
  4. Boulder County Nature Association. [2], Посетено на May 10, 2013.

Надворешни врски

уреди