Пепи II
Пепи II (исто така Пепи II Неферкаре, 2284 п.н.е. — по 2247 пр .н. е. веројатно или ок. 2216 или ок. 2184 п.н.е.[2]) — фараон на Шестата династија во Старото Кралство на Египет, кој владеел од ок. 2278 п.н.е. Неговото престолно име, Неферкаре (Нефер-ка-Ре), значи „Прекрасно е Ка на Ре“. Тој седнал на престолот на шестгодишна возраст, по смртта на Меренре I.
Пепи II | |
---|---|
Пепи, Фиопс | |
Статуа од алабастер на Анкесенемире II и нејзиниот син Пепи II. | |
Фараон на Египет | |
Владеел | 2278–по 2247 п.н.е., а можеби и околу 2216 или околу 2184 п.н.е.[1][2], Шеста династија |
Претходник | Меренре I |
Наследник | Меренре II |
Татко | Меренре I |
Мајка | Анкесенпепи II |
Роден | 2284 п.н.е. |
Починал | по 2247 п.н.е., најверојатно околу 2216 п.н.е. или околу 2184 п.н.е. |
Закопан | Пирамида во Сакара |
Тој традиционално се смета за син на Пепи I и кралицата Анкесенпепи II, но Каменот од јужна Сакара објавува дека Меренре владеел минимум 11 години. Неколку династички кралски печати и камени блокови - последните од нив пронајдени во погребниот храм на кралицата Анкесенпепи II, за која се знае дека била мајка на Пепи II — биле пронајдени во 1999 -2000 година, при ископувања во Сакара, кои покажуваат дека таа, исто така, се омажила за Меренре по смртта на Пепи I, и станала главна сопруга на овој крал.[4] Написите на овие камени блокови на Анкесенпепи II ѝ ги даваат кралските титули: „Кралската жена на пирамидата на Пепи I, Кралската жена на пирамидата на Меренре, Кралската мајка на пирамидата на Пепи II".[5]
Затоа, денес многу египтолози веруваат дека Пепи II веројатно бил син на Меренре.[6] Пепи II, според тоа, е внук на Пепи I, додека Меренре е, најверојатно, таткото на Пепи II, бидејќи е познато дека се оженил со мајката на Пепи II, кралицата Анкесенпепи II. Ова, исто така, би се усогласило со доказите од Каменот од јужна Сакара, според кој многу е поверојатно дека Пепи II бил син на Меренре.
Владеењето на Пепи II го означило големиот пад на Старото Кралство. Со зголемувањето на моќта на номарите, моќта на фараонот се намалила. Без доминантна централна сила, локалните благородници почнале да ги напаѓаат териториите на другите и Старото Кралство завршило во само неколку децении по завршувањето на владеењето на Пепи II.
Неговата мајка Анкесенпепи II (Анкенесмерире II) најверојатно владеела како регент во раните години од неговото владеење. Можеби ѝ помогнал нејзиниот брат Џау, кој бил везир на претходниот фараон. Статуата од алабастер во музејот во Бруклин го прикажува младиот Пепи II седнат во скутот на неговата мајка. И покрај неговото долгогодишно владеење, ова дело е едно од само три познати вајарски претстави за постоењето на овој конкретен крал.
Поглед на личноста на фараонот додека тој бил уште дете може да се најде во писмото што му го напишал на Харкуф, гувернер на Асуан и водач на една од експедициите во Нубија. Испратен да тргува и да собира слонова коска, абонос и други скапоцени предмети, тој заробил Пигмеј. Вестите за тоа стигнле до кралскиот двор, а возбудениот млад крал му испратил порака на Харкуф дека ќе биде богато награден ако Пигмејот го донесе жив, каде што, најверојатно, ќе служи како забавувач на дворот. Ова писмо било зачувано[7] како натпис на гробот на Харкуф, и е наречено прв патопис.[8]
Само мал број фараони биле овековечени во древни приказни, а Пепи II е меѓу нив. Во приказната за Кралот Неферкаре и генерал Сасенет, три фрагменти од папирус кој датира од крајот на Новото Кралство (иако приказната можеби била составена претходно),[9] пријавуваат тајни ноќни состаноци со воениот командант - генерал Сасенет или Сисен. Некои сугерираат дека ова е одраз на хомосексуална врска, иако е спорно дали текстот се однесува на Пепи II воопшто.[10] Некои, како Р.С. Бјанки, сметаат дека тоа е дело на архаизирана литература и датира од 25-та династија и се однесува на Шабака Неферкаре, фараон Кушит.[11]
Падот на Старото Кралство веројатно започнало пред времето на Пепи II, при што номарите (регионалните претставници на кралот) станале сè помоќни и имале поголемо влијание. Пепи I, на пример, се оженил со две сестри кои биле ќерки на еден номарх, а подоцна нивниот брат станал везир. Нивното влијание било големо, и двете сестри родиле синови кои биле избрани како дел од наследната линија: Меренре Немтјемсаф I и Пепи II.
Се чини дека се случило зголемување на богатството и моќта на високи функционери за време на владеењето на Пепи II. Големи и скапи гробови се појавиле изградени за владеачките номари, свештеничката класа и другите администратори. Номарите традиционално биле ослободени од оданочување и нивните позиции станале наследни. Зголемувањето на нивното богатство и независноста довеле до соодветно поместување на власта од централниот кралски двор до регионалните номари.
Подоцна во неговото владеење е познато дека Пепи ја поделил улогата на везир, така што имало двајца визири: еден за Горен и еден за Долен Египет, уште една децентрализација на моќта далеку од кралскиот главен град Мемфис. Понатаму, седиштето на везирот на Долниот Египет било преместувано неколкупати. Јужниот везир бил стациониран во Теба.
Се претпоставува дека долгото владеење на Пепи II претставува фактор кој придонел за општата деградација на централизираната кралска власт која ставила крај на Старото Кралство.
Пирамидален комплекс
уредиПирамидалниот комплекс бил наречен
|
Комплексот се состои од пирамидата на Пепи со соседниот храм како мртовечница. Пирамидата содржи јадро од варовник и глинест малтер. Пирамидата била обложена со бел варовник. Интересна одлика е дека по завршувањето на северната капела и ѕидот, градителите ги разурнале овие структури и ја прошириле основата на пирамидата. Во пирамидата потоа се додавала лента од цигла која стигнала до висина на периметарскиот ѕид. Целта на ова не е позната. Се претпоставува дека градителите сакале структурата да личи на хиероглифот за пирамида,[13] или дека можеби градителите сакале да ја зајакнат основата на структурата поради земјотрес.[12]
И покрај долговечноста на Пепи II, неговата пирамида не била поголема од онаа на неговите претходници на 150 лакти (78,5 метри) по страна во основата и височина од 100 лакти (52,5 метри) и го следела она што станало „стандарден формат“. Пирамидата е направена од мали, локални камења, покриени со фурнир од варовник. Варовникот бил отстранет и јадрото паднало. Самиот насип бил долг околу 400 метри, а храмот во долината бил на брегот на езеро, кое одамна го нема.
Ископување
уредиКомплексот првпат бил истражуван од страна на Џон Ши Перинг, но Гастон Масперо првпат влегол во пирамидата во 1881 година. Густав Џекиер бил првиот кој детално го истражувал комплексот меѓу 1926 и 1936 година.[12][14] Џекиер бил првиот којшто започнал потрага по какви било остатоци од релјефот на гробот,[15] и тој бил првиот што објавил детален извештај за ископувањето на комплексот.[16]
Портрет
уредиСтатуата која сега е во Бруклинскиот музеј ја прикажува кралицата Анкенесмерире II со нејзиниот син Пепи II во нејзиниот скут. Пепи II носи кралска немес и килт. Тој е прикажан во многу помал обем од неговата мајка. Оваа разлика во големина е атипична, бидејќи кралот обично се прикажувал поголем од другите. Разликата во големината може да се однесува на временскиот период кога неговата мајка служела како регент. Алтернативно, статуата може ја прикажува Анкенесмерире II како божествена мајка.[17]
Друга статуа на Пепи II е сега во Египетскиот музеј во Каиро (JE 50616). Кралот е прикажан како голо дете. Сликата на кралот на толку млада возраст може да се однесува на возраста кога дошол на престолот.[18]
Наводи
уреди- ↑ Clayton, Peter A. Chronicle of the Pharaohs: The Reign-by-Reign Record of the Rulers and Dynasties of Ancient Egypt. p.64. Thames & Hudson. 2006. ISBN 0-500-28628-0
- ↑ 2,0 2,1 Darell D. Baker: The Encyclopedia of the Pharaohs: Volume I – Predynastic to the Twentieth Dynasty 3300 – 1069 BC, Stacey International, ISBN 978-1-905299-37-9, 2008
- ↑ VIth Dynasty
- ↑ A. Labrousse and J. Leclant, "Une épouse du roi Mérenrê Ier: la reine Ankhesenpépy I", in M. Barta (ed.), Abusir and Saqqara in the Year 2000, Prague, 2000. pp.485–490
- ↑ Labrousse and J. Leclant, pp.485–490
- ↑ A. Labrousse and J. Leclant, "Les reines Ânkhesenpépy II et III (fin de l'Ancien Empire): campagnes 1999 et 2000 de la MAFS", Compte-rendu de l'Académie des inscriptions et belles-lettres/, (CRAIBL) 2001, pp.367–384
- ↑ Tomb inscriptions of Harkhuf
- ↑ Omar Zuhdi, Count Harkhuf and The Dancing Dwarf, KMT 16 Vol:1, Spring 2005, pp.74–80
- ↑ Lynn Meskell, Archaeologies of social life: age, sex, class et cetera in ancient Egypt, Wiley-Blackwell, 1999, p.95
- ↑ Greenberg, David, The Construction of Homosexuality, 1988; Parkinson, R.B.,‘Homosexual’ Desire and Middle Kingdom Literature Journal of Egyptian Archaeology, vol. 81, 1995, p. 57-76
- ↑ Robert Steven Bianchi, Daily Life Of The Nubians, Greenwood Press, 2004. p.164
- ↑ 12,0 12,1 12,2 Verner, Miroslav. The Pyramids: The Mystery, Culture, and Science of Egypt's Great Monuments. Grove Press. 2001 (1997). pp 362 – 372, ISBN 0-8021-3935-3
- ↑ 13,0 13,1 Lehner, Mark. The Complete Pyramids. Thames & Hudson. 2008 (reprint). pp 161–163, ISBN 978-0-500-28547-3
- ↑ Shaw, Ian. and Nicholson, Paul. The Dictionary of Ancient Egypt. p. 220. The British Museum Press, 1995.
- ↑ Shaw and Nicholson, p.220
- ↑ Jéqier, Gustav. Le monument funéraire de Pepi II. 3 volumes, Cairo, 1936–41.
- ↑ Gay Robins, The Art of Ancient Egypt, Harvard University Press, 1997, pp 66–67, ISBN 978-0-674-00376-7
- ↑ N. Grimal, A history of ancient Egypt, Wiley-Blackwell, 1994, pg 98
Библиографија
уреди- Dodson, Aidan. Hilton, Dyan. 2004. The Complete Royal Families of Ancient Egypt, Thames & Hudson
- Dodson, Aidan. "An Eternal Harem: Tombs of the Royal Families of Ancient Egypt. Part One: In the Beginning". KMT. Summer 2004.
- Shaw, Ian. Nicholson, Paul. 1995. The Dictionary of Ancient Egypt, Harry N. Abrams, Inc. Publishers.
- Spalinger, Anthony. Dated Texts of the Old Kingdom, SAK 21, (1994), pp. 307–308
- Oakes, Lorna and Lucia Gahlun. 2005. Ancient Egypt. Anness Publishing Limited.
- Perelli, Rosanna, "Statuette of Pepi II" in Francesca Tiradriti (editor), The Treasures of the Egyptian Museum, American University in Cairo Press, 1999, p. 89.