Пентаедар или петостраникполиедар со пет лица или страни. Не постојат полиедри со преодно лице со пет страни и постојат два различни тополошки вида.

Со лица од правилни многуаголници, постојат два тополошки облици: квадратна пирамида и триаголна призма.

Име Слика Темиња Рабови Лица Лица по вид
Квадратна пирамида
(Пирамидално семејство)
5 8 5 4 триаголници
1 квадрат
Триаголна призма
(Семејство призми)
6 9 5 2 триаголници
3 квадрати

Квадратната пирамида може да се гледа како триаголна призма каде што еден од нејзините странични рабови (што спојува два квадрати) е преминат во точка, губејќи еден раб и едно теме, а два квадрати се менуваат во триаголници.

Може да се конструираат и геометриски варијации со неправилни лица.

Некои неправилни пентаедри со шест темиња може да се наречат клинови.

Неправилен пентаедар може да биде неконвексно тело: на пример неконвексен (рамнински) четириаголник (како што е делтоид) како основа на телото и точка што не лежи на основната рамнина како врв.

Хосоедар

уреди

Постои трета тополошка полиедарска фигура со 5 лица, дегенерирана како полиедар: таа постои како сферична поплочка на дигонски лица, наречена пентагонален хосоедар со Шлефлиев симбол {2,5}. Има 2 (антиподна точка) темиња, 5 раба и 5 дигонални лица.

Надворешни врски

уреди