Пел (германски: Poel) — остров во Балтичкото Море. Ги поставува природните северни и источни граници на Висмарскиот Залив на германскиот брег. Северниот брег на островот е исто така на јужната страна на големиот залив, познат како Мекленбуршки Залив.

Пел
Пристаништето во Кирхдорф
Пристаништето во Кирхдорф
Пристаништето во Кирхдорф
Грб на Пел
Пел во рамките на Германија
Пел
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Северозападен Мекленбург
Месни единици 15
Градоначалник Габриеле Рихтер
Основни податоци
Површина 36,02 км2
Надм. височина 0−26 м
Население 2.528 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 70 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NWM
Пошт. бр. 23999
Повик. бр. 038425
Портал www.insel-poel.de
Местоположба на Пел во рамките на округот Северозападен Мекленбург
Карта
Карта
Координати 54°00′N 11°26′E / 54.000° СГШ; 11.433° ИГД / 54.000; 11.433

Административно, островот претставува општина во округот Северозападен Мекленбург, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се состои од Кирхдорф и Ерценхоф (поголеми населби) и помалите села Тимендорф, Вангерн, Хинтервангерн, Вајтендорф, Вајтендорф-Хоф, Бранденхузен, Нојхоф, Зедорф, Ниндорф, Шварцер Буш, Калтенхоф, Фердорф, Малхов, Форверк и Голвиц. Со пријатниот воздух, чистата вода, песочните плажи и неговите пристаништа, островот е омилено туристичко одредиште.

Името на островот потекнува од поле, словенски збор за „рамна земја“.

Историја

уреди
 
Светилникот во Тимендорф, знаменитост на островот Пел

Првите жители на Пел биле Словените, односно западномекленбуршкото племе на Ободритите. Словенскиот владетел и гроф на Мекленбург Хенрих Борвин I донел германски доселеници од покраините Дитмаршен и Холштајн на островот во почетокот на XIII век. Започнале со изградба на црква на Пел околу 1210. Црквата била довршена околу 1350 година. Кулата (најстариот дел на градбата) — во романски стил и со нејзините 47 метри е видлива од скоро сите точки на островот. Наосот на црквата бил првично романски, меѓутоа бил проширен околу 1300 година и променет во готски стил. Црквата, која сè уште е најголемата знаменитост на островот, содржи две крила и олтари од XV век, распетие од околу 1450, ретки дански гробни камења од XIII век и модел на брод од 1936. Од околу 1535 година претставува лутеранска црква.[2] Покрај неделните богослужби, во црквата се одржуваат и концерти на класична музика, особено преку летото.

Во 1614 година, војводата на Мекленбург Адолф Фридрих I започнал изградба на тврдина на островот во близина на црквата, поради стратешки добрата положба на островот. Во 1618 година била завршена. Во јуни 1620 година, Густав Адолф II од Шведска го посетил неговиот братучед војводата Јохан Албрехт II тука, а во септември истата година неговата идна сопруга, принцезата Марија Елеонора од Бранденбург, го посетила островот и престојувала во замокот на нејзиното патување до Стокхолм. Во текот на Триесетгодишната војна, војводата морал да го предаде замокот на непријателските царски трупи во 1628 година. Генералот Валенштајн владеел со Мекленбург неколку години.

Во 1631 година, Густав Адолф им помогнал на војводите на Мекленбург да ја повратат нивната моќ, а Јохан Албрехт II се вратил на Пел, наоѓајќи го замокот во запуштена состојба. Кога Мекленбург потпишал мир со императорот Фердинанд II во 1635 година, Швеѓаните ја нападнале земјата и го презеле замокот на Пел. Императорските трупи се вратиле во 1638 година, бркајќи ги Швеѓаните и палејќи неколку села.

По Вестфалскиот мир во 1648 година, две третини на Пел, заедно со Висмар и општината Нојклостер биле доделени на шведскиот крал. Западната третина на островот останала посед на болницата Св. Дух во Либек, кои го поседувале овој дел со векови. Швеѓаните го поседувале замокот на Пел, но немале некој интерес за тоа, па затоа ги инвестирале своите пари и напори кон Висмар, да го направат главно воено средиште на Балтичкото Море. Замокот брзо пропаднал и до 1740 година останале само руини.

Во XIX век, на жителите на Пел им биле дозволено да ги користат тулите од замокот за своите домови и штали, па така градбите биле целосно уништени. Денес, единствено може да се Поврзаночниот насип и поголемиот дел од шанците кои биле изградени помеѓу 1614 и 1618 за одбранбени цели. Основата на замокот била во петокрака ѕвезда, а црквата била обиколена со сличен одбранбен ѕид во облика на ѕвезда. Во ноември 1802 година, мекленбуршката династија под водство на војводата Фридрих Франц I дошол во посед на имотот на болницата во Либек. Шведскиот дел на островот бил отстапен на 99 години од војводата во 1803 година. Официјално останал во шведски посед до 1903 година, кога целосно бил вратен на Мекленбург.[3]

Од XVII век, Пел бил поврзан со копното со брани и мостови. Од 1927 година, островот бил поврзан со копното со насип.

Во 2003 година бил склучен договор за збратимување со општината Хамаре, остров во езерото Венерн во Шведска.

Соседниот остров Валфиш исто така бил утврден.

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
  2. Schlie, Friedrich: "Kunst- und Geschichts-Denkmäler des Grossherzogthums Mecklenburg-Scherwin" Vol. II, 1898, pp. 222ff.; Die Chronik der ev.-luth. Kirchgemeinde Poel 1899ff.
  3. Dr. Schröder-Lembke, Gertrud & Saegebarth, Joachim: "Insel Poel", Raum & Koch Wismar 2007, pp.82ff. (Schröder-Lembke) & pp. 197ff. (Saegebarth)

Надворешни врски

уреди