Пашалак

административна единица на Османлиското Царство
(Пренасочено од Пашалаци)

Пашалак, ејалет или беглербеглак (турски: paşalık, eyalet или beylerbeylık) — претставувал најголемата административно-територијална единица во Османлиското Царство. На чело на пашалакот стоел беглербег или паша кој бил директно потчинет на Високата порта. Пашалакот од своја страна се делел на санџаци.

Румелискиот Пашалак во кој влегувала Македонија

Првобитната организација имала свои корени уште во времето на настанувањето на Османлиското Царство, како вазална држава на Селџуците во централана Анадолија.

Проширувањата настанале врз основа на веќе постоечката административна структура на селџучкиот систем, во која наследните владеачи на овие територии ја имале титулата бег. Овие бегови (локални водачи) продолжиле да владеат под суверенство на отоманските султани. Титула бег од тогаш не се однесувала само на постоечките и поранешните владеачи туку и на новите управници кои султанот ги поставувал на местото на оние кои ги разрешувал.

По освојувањата помеѓу 1362 и 1400 на Мурат I и неговиот син Бајазит I, во царрството се појавила потреба од територијална организација. Во текот на првите години од владеењето на Бајазит биле создадени првите два пашалака, и тоа Румелиски Пашалак кој се состоел од сите земји кои се наоѓале во Европа и Анадолски Пашалак кој ги опфаќал териториите во Мала Азија.

Во 1395 година Бајазит I ги зазел последните територии на Шишмановци заземајќи го Бугарското Царство и претворајќи го во вазална држава како дел од Румелија. Во 1468 година бил основан Караманскиот Пашалак, а синот на Мехмед бил назначен за управител на Конија. Во текот на 16 век бројот на пашалаците доживеал најголем пораст главно поради освојувањата на Селим I и Сулејман I. Ова довело до реорганизација на пашалаците и како пашалаци од 1527 година се споменуваат и Египет, Сирија, Дијалрбекир и Курдистан.

Помеѓу 1861 и 1866 година, пашалаците биле укинати, а територијата била поделена исклучиво на вилаети[1].

Список на пашалаци во Европа (1363-1867)

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. A handbook of Asia Minor Published 1919 by Naval staff, Intelligence dept. London. стр. 203