Патонски мост (Киев)
Патонскиот мост (украински: Міст Патона) е мост се наоѓа во престолнината на Украина, Киев. Мостот минува преку реката Днепар, а е именуван според нејзиниот градител, Евгениј Патон.
Патонски мост Міст Патона | |
---|---|
Координати | 50°25′38″N 30°34′55″E / 50.42722° СГШ; 30.58194° ИГД |
Носи | автомобили |
Преминува | Днепар |
Место | Киев, Украина |
Одржувач | Kyivavtodor |
Особености | |
Материјал | челик |
Вкуп. должина | 1,543 метарs (5,062 ст) |
Ширина | 21 метарs (69 ст) |
Распони | 26 |
Носачи во вода | 48 |
Носивост | 70,000 дневно |
Натпростор | 18 метарs (59 ст) |
Историја | |
Проектант | Евгениј Патон |
Почнат | јуни 1941 |
Завршен | ноември 1953 |
Отворен | 5 ноември 1953 |
Пуштен | 5 ноември 1953 |
Сообраќај | |
Дневен сообраќај | 36,000 дневно |
Местоположба | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found |
Овој мост бил изграден во периодот од 1941 до 1953 година, и е најголемиот во Украина со должина од 1.543 метри или 5.062 стапки. Официјално бил отворен на 5 ноември 1953 година. По неговото отворање, мостот немал некои поголеми обнови до 1968 година, кога биле поставени огради од двете страни, бил обележан пешачкиот и автомобилскиот сообраќај. Во 1976 година се сметало дека мостот нема да може да издржи, бидејќи бил дизајниран за околу 10.000 возила на ден. Сепак, резултатите покажале дека мостот е способен да издржи и до 70.000 возила дневно.
Во 2004 година, мостот претрпел голема реконструкција. Истата година престанал да постои трамвајскиот сообраќај покрај мостот, а биле додадени дополнителни ленти преку кои бил регулиран големиот метеж по мостот. Денеска, мостот е поделен на седум патеки. Од 1 февруари 2008 година, по иницијатива на Министерството за транспорт на Украина, на мостот било додадено дополнително осветлување. Во 2009 и 2010 година, мостот бил повторно реновиран.
Кон крајот на 2011 година, мостот треба да започне со нова реконструкција.
„Патонски мост (Киев)“ на Ризницата ? |