Партениј III Цариградски
Партениј III Цариградски — Вселенски патријарх во периодот 1656–1657. Во 1657 година бил обвинет за предавство од страна на султанот и обесен, откако одбил да се откаже од христијанството. Па затоа се смета Ново Великомаченик Партениј III и се празнува во православието на 24 март.[1][2]
Партениј III Цариградски | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Црква | Цариградска патријаршија |
Назначен | 26 јули 1656 |
Службата завршила | 24 март 1657 |
Претходник | Јоникиј II |
Наследник | Гаврил II |
Лични податоци | |
Роден | Лезбос |
Починал | 24 март 1657 Цариград |
Претх. служба | Митрополит на Хиос |
Светост | |
Слава | 24 март |
Почитуван од | Православие |
Живот
уредиПартениј се родил на островот Лезбос, и во 1639 година бил избран за митрополит на Хиос.[3] На 26 јули 1656 година тој бил избран за Вселенски патријарх, наследувајќи го Јоаникиј II.[4]
Партениј, кој се здружил со русите во судирите за контрола на црквата на Украина, во 1656 година се одрекол од симболот на верата потпишан во 1643 година од претходниот митрополит во Киев Петар могила, за кој сметал дека е многу близок со католичката догма.[5] Симболот на верата на Петар Могила веќе бил одобрен од сите патријарси во 1643 година и повторно бил одобрен во 1662 година од патријархот Нектариј Ерусалимски и од синодот во Ерусалим во 1672 година. Партениј истот така одржал погреб за останките на неговиот претходник Кирил I, кој бил убиен во 1638 година на брод во Мраморното Море и фрлен во водите на морето.
Во обид да собере финансиски средства, Партениј испратил писма до епископите во Царска Русија, во тој период непријател на Османлиското Царство. Овие писма биле пресретнати и биле донесени кај Големиот везир Ќопрулу Мехмед-паша, кој одлучил дека на Партениј треба да му се суди за предавство.[3] Иако обвинувањата се покажале како лажни, султанот Мехмед IV наредил да се обеси за да послужи „како пример за оние кои ќе се обидат да го сторат истото во иднина“.[4] Единствената опција која му останалаза да биде ослободен била да се преобрати во ислам, но Партениј одбил.[3]
Па така на 24 март 1657 година долга поворка го испратила Партениј од затворот до место во цариград наречено „Порта на куката“ (Пармак капи) каде бил обесен. Останал да виси три дена за на третиот ден биде фрлен во морето. Неговото тело билон најдено од страна на христијаните и закопано во манастирот Камариотиса на островот Халки.[6]
Наводи
уреди- ↑ Great Synaxaristes (грчки): Ὁ Ἅγιος Παρθένιος ὁ Ἱερομάρτυρας Πατριάρχης Κωνσταντινουπόλεως. 24 Μαρτίου. ΜΕΓΑΣ ΣΥΝΑΞΑΡΙΣΤΗΣ.
- ↑ "New Hieromartyr Parthenius, Patriarch of Constantinople." In: Leonidas J. Papadopulos, Georgia Lizardos et al (Transl.). New Martyrs of the Turkish Yoke. Seattle: St. Nectarios Press, 1985. pp.122-124.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Vaporis, Nomikos Michael (2000). Witnesses for Christ: Orthodox Christian neomartyrs of the Ottoman period. Crestwood: St. Vladimir's Seminary Press. стр. 114–5. ISBN 0-88141-196-5.
- ↑ 4,0 4,1 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 40,47. ISBN 978-1-4344-5876-6.
- ↑ Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity. Cambridge University Press. стр. 344. ISBN 978-0-521-31310-0.
- ↑ „Παρθένιος Γ´“. Ecumenical Patriarchate. Архивирано од изворникот на 2010-06-16. Посетено на 8 September 2011.(грчки)
Претходник Јоаникиј II |
Цариградски патријарх 1656-1657 |
Наследник Гаврил II |