Гаврил II Цариградски
Гаврил II Цариградски — Вселенски патријарх во период од една недела во 1657 година.
Гаврил II Цариградски | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Црква | Цариградска патријаршија |
Назначен | 23 априлl 1657 |
Службата завршила | 30 април 1657 |
Претходник | Партениј III |
Наследник | Партениј IV |
Други служби | Митрополит во Бурса |
Лични податоци | |
Починал | 3 декември 1659 (Бурса) |
Претх. служба | Митрополит во Ганос и Хора |
Светост | |
Слава | 3 декември |
Почитуван од | православие |
Во 1659 година тој бил осуден од султанот бидејќи покрстил муслиман, и отакако одбил да се откаже од својата вера бил обесен. Од оваа причина се смета за Ново Великомаченик Гаврил, митрополит Бурски и се слави на 3 декември во павославието.[1]
Живот
уредиГаврил бил избран за митрополит во Ганос и Хора на 23 март 1648 година во прв наврат кој траел до 26 ноември 1651 година, и повторно во 1654 година.[2]:172-3 По погубувањето на Партениј III тој бил назначен за патријарх на 23 април 1657 година[2]:40 со поддршка на христијанските благородници. Сепак членовите на Светиот синод го сметале за неподобен за престолот, и го смениле неколку денови подоцна на 30 април 1657 година.[3]
По заменувањето, покрај што му била доделена диоцезата Ганос, тој бил назначен и за управник (проедрос) на празното митрополско место во Бурса. Тука тој бил обвинет од страна на еврејската заедница дека покрстил муслиман,[4] иако покрстеникот бил Евреин.[3] Тој исто така бил обвинет за одржување на добри односи со Русите, кој во тој период биле во војна со Османлиите.[3]
Султанот Мехмед IV во тој период бил во Бурса, и неговиот Голем везир Ќопрулу Мехмед-паша го затворил Гаврил, и му ветил слобода доколку се пробрати во ислам. Гаврил одбил и бил измачуван и конечно на 3 декември 1659 година бил обесен.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Γαβριὴλ Β´“. Ecumenical Patriarchate. Архивирано од изворникот на 2010-06-16. Посетено на 23 June 2011.(грчки)
- ↑ 2,0 2,1 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 40,47,172–3. ISBN 978-1-4344-5876-6.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Moustakas Konstantinos. „Gabriel II of Constantinople“. Encyclopaedia of the Hellenic World, Asia Minor. Посетено на 23 June 2011.
- ↑ 4,0 4,1 Vaporis, Nomikos Michael (2000). Witnesses for Christ: Orthodox Christian neomartyrs of the Ottoman period. Crestwood: St. Vladimir's Seminary Press. стр. 117–118. ISBN 0-88141-196-5.
Претходник Партениј III |
Цариградски патријарх 1657 |
Наследник Партениј IV |