Параскева Драпшин
Игуменија Параскева, роденa како Параскева Драпшин — игуменија на Манастир Јазак, ракоположена на 20 ноември 1990 година.
Параскева Драпшин | |
---|---|
Игуменија во Манастир Јазак | |
Црква | Српска православна црква |
Седиште | Манастир Јазак |
Ракоположен | 20 ноември 1990 |
Претходник | Ангелина Драпшин |
Лични податоци | |
Световно име | Параскева Драпшин |
Роден | 20 март 1938 Турија, Кралство Југославија |
Животопис
уредиИгуменијата Параскева (Драпшин) е родена на 20 март 1938 година во селото Турија кај Србобран. Вујко и бил генерал Петар Драпшин, а дедо и бил борец од Солунскиот фронт. Основното образование го стекнала во родниот град и во Србобран.[1]
Со благослов на епископот Сремски г. Никанор Иличиќ, во 1953 година, на 15-годишна возраст, дошла во напуштениот Манастир Јазак на Фрушка Гора. Не поминало многу време и во монашкиот живот и се придружила и нејзината мајка, игуменијата Ангелина. Тие две повеќе од десет години заедно со уште неколку калуѓерки живееле без струја и вода во практично нехумани услови.[2]
По пет години искушеништво, таа се замонашила во Јазак на 4 февруари 1958 година од страна на епископот Хвостански г. Варнава Настиќ, добивајќи го монашкото име Параскева.[3]
Откако на 20 ноември 1990 година се упокоила игуменија Ангелина Драпшин, а со одлука на епископот Сремски г. Василиј Вадиќ, Параскева била назначена за игуменија на ова свето семејство, каде што успешно раководи со сестринството и манастирот цели 33 години.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Монашење у манастиру Јазак – Радио Српски Сион“ (српски). 2016-10-28. Посетено на 2023-11-01.
- ↑ admin (2020-05-17). „Манастир Јазак“. Čudo (српски). Посетено на 2023-11-01.
- ↑ admin (2020-05-17). „Манастир Јазак“. Čudo (српски). Посетено на 2023-11-01.
- ↑ Karadžić, Aleksandra Borđoški (2020-10-05). „Tajne Fruške gore - Uroš nejaki, a silni“. Vojvođanski Magazin (српски). Посетено на 2023-11-01.