Кеа (птица)
Кеа (Nestor notabilis) е голема врста на папагали од семејството Strigopidae, ендемска на Јужен Остров во Нов Зеланд. Карактеристична е за планински и шумски предели. Многу е интелигентна и љубопитна птица. Во скијашките центри е атракција за туристите.
Опис
уредиКеа е голема птица, долка околу 48 см и тешка околу 1 кг. Маслинесто-зелена боја, со екстремно долг и заоблен горен дел од клунот. Во внатрешноста на крилјата нејзините пердуви се портокалови.
Распространетост
уредиКарактеристична е за Јужен Остров на Нов Зеланд. На Северниот Остров се најдени само фосилни остатоци постари од 10.000 години. Новозеландските Алпи покриени со шума од бука, главно се дом на овие птици.
Исхрана
уредиКеа е сештојад. Нејзината исхрана ја сочинуваат различни билки, ларви, бубачки, други мали птици, како и зајаци и овци. Поради напаѓањето на овците, фармерите немилосрдно ги ловат. Со својот силен клун, тие сечат парчиња месо од грбот на овците.