Нимфа (птица)
Нимфа | |
---|---|
Мажјак | |
Женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Папагали |
Натсемејство: | Какадуа |
Семејство: | Какадуа |
Потсемејство: | Нимфи |
Род: | Нимфа Јохан Георг Ваглер, 1832 |
Вид: | N. hollandicus |
Научен назив | |
Nymphicus hollandicus (Kerr, 1792) | |
Распостранетост (со црвено; целогодишно живеалиште) | |
Синоними | |
Psittacus hollandicus Kerr, 1792 |
Нимфа (науч. Nymphicus hollandicus) — член на семејството на какадуа ендемски вид карактеристичен за Австралија. Овие птици се посакувани како домашни миленичиња и папагали придружници низ целиот свет и се мошне едноставни за одгледување. Како птици по популарност чувани во кафез се втори веднаш зад тигриците.[2]
Нимфата е единствениот член на родот нимфи. Претходно се сметала за папагал со перјаница или мал какаду, сепак неодамнешните молекуларни изучувања потврдиле дека припаѓа на свое сопствено потсемејство, нимфи. Затоа денес се класифицира како најмалиот член на семејството на какадуа. Нимфите се домородни птици н територијата на Австралија, И ги претпочитаат како живеалиште влажните области, грмушестите области и нискостеблестите собласти на Австралија.
Таксономија и етимологија
уредиПрвично опишан од шкотскиот писател и природонаучник Роберт Кер во 1793 година, нимфата или (науч. Psittacus hollandicus), била поместена во сопствен род Нимфи, од страна на Ваглер во 1832 година. Името го опишува првичното искуството на доселениците од Европа кога за првпат ги забележале овие птици во дивината, доселениците сметале дека овие птици се толку убави што истите ги именувале според старогрчките митолошките суштества нимфи. Името на видот hollandicus потекнува од Нова Холандија, старото име за Авсралија.
Биолошката поврзаност долг период била тема на дебата, но денес се класифицира како монотипно потсемејство нимфи, но во одреден период во минатото бил погрешно класифициран како дел од потсемејството на широкоопашести папагали (науч. Platycercinae). Овој проблем е надминат со молекуларни испитувања на крвта. Научен труд од 1984 година за белковинските алозими покажал дека е поблиску сроден со какадуата отколку со папагалите,[3] и митохондриск 12S рРНК податочна низа[4] го сместува меѓу потсемејството на темни какадуа. Единствениот, долгоопашест папагал чиј морфолошки особености се последица на намалувањето на големината животната средина и промената на еколошката ниша.
Анализата на низата интрон 7 од јадрената ?-фибриноген ген, од друга страна, покажува дека е поразличен и не треба да се вклучува во родот на темните какадуа.[5]
Нимфата денес биолошки се класифицира како вистински припадник на семејството на какадуа бидејќи ги споделува сите особености на семејството на какадуа, имено, издигнатата перјаница, жолчка, налегнати ровити пердуви, и пердувите на лицето кои ги препокриваат страните на клунот, особености кои не можат да се сретнат надвор од семејството на какадуа.
Полови разлики
уредиСите пилиња и јаври на нимфите во дивината наликуваат на женки, и е скоро невозможно да се разликуваат сè до нивното прво moulting. Тие имаат водорамни жолти линии или пруги распределени странично на нивните пердуви на опашката, жолтите точки на страничните површини на пердувите за летање, сиво обоената перјаница и лице, и матнопортокалова дамка на секој до образите.
Возрасните нимфи имаат различни полови особености, иако во помала мера отколку другите претставиници од класата на птици. Но ова ќе биде забележливо само по првото митарење, кое вообичаено се случува шест до седум месеци по изведувањето, мажјакот го губи своите бели или жолти пруги и точки на долната страна на пердувите под крилјата и опашката. Сивите пердуви на неговите образи и перјаница се заменети со светли жолти пердуви, додека пак портокаловите дамки на образите стануваат посветли и поистакнати. Лицето и перјаницта кај женките вообичаено остануваат сиви, но и тие имаат портокалова дамка на лицето. Дополнително, женката ги задржува водорамните пруги и точки од долната страна на опашката и крилјата.
Бојата кај нимфите се добива од два пигменти: меланин (кој ја дава сивата боја на пердувите, очите, клунот и стапалата), и липохроми (кој ја обезбедуваат жолтата боја на лицето и опашката и портокаловата боја на образите). Сивата боја на меланинот ја преовладува жолтата и портокаловата боја на липохроните каде истите се мешаат.
Содржината на меланинот се намалува на лицето на мажјаците како што тие стареат, што овозможува жолтите и портокалови липохроми да бидат подоминантни, додека пак наголемувањето на содржината на меланинот вио опашката и крилјата ги отстранува хоризонталните жолтеникави пруги и точки.
Во продолжение меѓу останатите видливи одлики, огласувањето кај возрасните мажјаци е вообичаено поглссно и посложено отколку она кај женките.
Прикажување
уредиИстакнатата исправена цуцулка кај нимфите ја изразува нивната емотивна состојба. Цуцулката е изразено исправена во случај кога нимфата е преплашена или возбудена, кога е спуштена птицата е во опуштена состојба и кога е заремнета блиску до главата, тогаш животното зазема одбранбен став. Цуцулката е исто ткак зарамнета но накосена надвор од грбот кога нимфата се обидува да биде привлечна или пак се додворуваат. Спротивно на повеќето какадуа, нимфата има долги опашни пердуви кои се половина од вкупната должина на птицата. Со должина од 30 до 33 cm, нимфата е најмалиот претставник на семејството на какадуата кои во просек нараснуваат до големини од 30 до 60 cm.
Перјата на нимфите во дивината е сиво со изразени бели шарки по надворешните рабови на крилјата. Лицето на мажјакот е жолто или бело, додека пак лицето на женката е вообичаено сиво или светлосиво, и двата пола имаат округли портокалови дамки на ушите. Оваа портокалова обоеност е вообичаено живописна кај возрасните мажјаци, и доста заматено кај женките. Препознавањето на половите разлики кај овој вид птици е едноставно.
Распостранетост и живеалиште
уредиПроблеми со пуштањето? Помош. |
Нимвите се домороден вид карактеристичен за Австралија, каде можат да се најдат во поголеми броеви во сувите или полусувите области, но секогаш во близина на вода. Станува збор за птици преселници, кои се движат во зависност од пристапот до вода и храна.[2] Најчесто можат да се видат во парови или пак во мали јата.[2] Понекогаш, стотици птици ќе образуваат јато околу единствен извор на вода. На незадоволство на многу земјоделци, тие најчесто ги јадат семињата на културите кои се одгледуваат. Овие птици ги нема во плодните делови на југозападот и југоистокот на земјата, најдалечните пустини во западно австралиски птица, и полуостровот Кејп Јорк. Тие се единствениот член на семејството на какадуа кои понекогаш започнуваат да се размножуваат на крајот од својата прва година.
Животен век
уредиЖивотниот век на нимфите во заробеништво е во просек меѓу 16 и 25 години,[6] иако се сретнува и со помали вредности од 10 до 15 години, но постојат и извештаи за нимфи кој живееле и 32 години, најстариот потврден примерок бил 36 години.[7] Исхараната и вежбањето се одлучувачки фактори за здравјето на птицата.
Генетска променливост на бојата
уредиПостојат петнаесет различни обоености на нимфите кои моментално се заведени во птичарството, вклучувајќи ги тука сива, шарена, бисерна, цимет, белолика, луртинска, албино (позната како белолика лутинска) и жолтолики нимфи. Мутациите во заробеништво проидонеле за експлозија на различни обоености, доста поразлични од оние во дивината. Во 1949 година започнува распостранувањето на овој вид низ светот 1949, со создавањето на т.н. „диви“, и шарени мутации кој се добиени првпат во Калифорнија во САД. Постојат многу мутации кај нимфите со различна обоеност, тие се: силвестре, арлекин, лутинска, циметна, бисерна, кара црна, сребрена, жолтокафена, албино, пастелна, сребрена и доминатно светло сребрена.
Галерија
уреди-
Диви нимфи
-
Дива сиво обоена нимфа која покажува интерес или возбуда
-
Лутинска нимфа како домашно милениче во рацете на својот одгледувач
-
Светењето на перјата на нимфа изложена на ултравиолетово светло
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Nymphicus hollandicus“. IUCN Red List. Version 2013.2. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 26 November 2013.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Factsheets:Cockatiel“. Australian Museum. Архивирано од изворникот на 2019-11-03. Посетено на 2008-08-30.
- ↑ Adams, M; Baverstock, PR; Saunders, DA; Schodde, R; Smith, GT (1984). „Biochemical systematics of the Australian cockatoos (Psittaciformes: Cacatuinae)“. Australian Journal of Zoology. 32 (3): 363–77. doi:10.1071/ZO9840363.
- ↑ Brown, D.M. & Toft, C.A. (1999): Molecular systematics and biogeography of the cockatoos (Psittaciformes: Cacatuidae). Auk 116(1): 141-157. JSTOR 4089461
- ↑ Astuti, Dwi (2004): A phylogeny of Cockatoos (Aves: Psittaciformes) inferred from DNA sequences of the seventh intron of Nuclear ?-fibrinogen gene. Doctoral work, Graduate School of Environmental Earth Science, Hokkaido University, Japan.
- ↑ cockatielcottage.net
- ↑ Brouwer, K.; Jones, M.L., King, C.E. and Schifter, H. (2000). „Longevity records for Psittaciformes in captivity“. International Zoo Yearbook. 37 (1): 299–316. doi:10.1111/j.1748-1090.2000.tb00735.x.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Дополнителна литература
уреди- Astuti, Dwi (2004?): A phylogeny of cockatoos (Aves: Psittaciformes) inferred from DNA sequences of the seventh intron of nuclear β-fibrinogen gene. Doctoral work, Graduate School of Environmental Earth Science, Hokkaido University, Japan. PDF fulltext
- Flegg, Jim (2002): Photographic Field Guide: Birds of Australia. Reed New Holland, Sydney & London. ISBN 1-876334-78-9
- Martin, Terry (2002). A Guide To Colour Mutations and Genetics in Parrots. ABK Publications. ISBN 0-9577024-6-9.
- Hayward, Jim (1992). The Manual of Colour Breeding. The Aviculturist Publications. ISBN 0-9519098-0-0.
Надворешни врски
уреди„Нимфа“ на Викивидовите ? |
- Cockatiels на Curlie (англиски)
- Inte Onsman's MUTAVI Research & Advice Group
- Cockatiels – National Cockatiel Society
- Cockatiel Information Forum and Bulletin Board – Talk Cockatiels
- Videos, images and sounds Архивирано на 22 март 2016 г. – Internet Bird Collection