Панче Цветков Павловски ( 1925 во Раштак, Скопско8 ноември 1944 во Чучер, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно семејство. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби против балистичките банди. Бил учесник во битките кај селата Бањани - Горњани против балистите дојдени од Косово и против германските моторизирзни колони во Качаничката Клисура. Во завршните борби против балистите, на 8 ноември 1944 година, загинал кај селото Чучер. Неговите останки биле пренесени и закопани во родното село Раштак.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 227–228. На |first= му недостасува |last= (help)