Палиќко Езеро
Палиќко езеро се наоѓа 8 км од Суботица, покрај местото Палиќ кое поради езерото е претставува значаен туристички центар во Војводина. Езерото е од еолско потекло и претставува најголемо езеро во Србија настанато по природен пат. Дел е заштитено подрачје, односно Паркот на природата Палиќ.
Палиќко Езеро | |
---|---|
Координати | |
Сливни земји | Република Србија |
Најг. должина | 4,4 км км |
Најг. ширина | 1 км км |
Површина | 4,2 км2 км2 |
Прос. длабочина | 2 м м |
Најг. длабочина | 3,5 м м |
Надм. височина | 101 м м |
Острови | нема |
Населени места | Суботица |
Физичко-географски одлики на езерото
уредиЕзерото зафаќа површина од 4,6 км2. Просечна длабочина на езерото е 1,9 м, најголема е 3,5 м, а туристичкиот сектор зафаќа 3,8 км2 со три посебни плажи. Езерото е инаку, поделено на четири сектори и е богато со риба. Во текот на туристичката сезона, температурата на водата се движи помеѓу 18 и 25 °C. Палиќ инаку се одликува со умерено континентална клима и просечно има околу 2100 сончеви сати годишно, а просечната летна температура на воздухот изнесува околу 20 °C. Најчестиот правец на ветерот е северозапад-југоисток.