Палеокоприва (грчки: Κνίδη, Палеокниди; до 1957 г. : Παλαιοκόπριβα, Палеокоприва[1]) — напуштено село во Егејска Македонија, општина Гребен, област Западна Македонија.

Палеокоприва
Κνίδη
Палеокоприва is located in Грција
Палеокоприва
Палеокоприва
Местоположба во областа
Палеокоприва во рамките на Гребен (општина)
Палеокоприва
Местоположба на Палеокоприва во Општина Гребен и областа Западна Македонија
Координати: 40°6′N 21°35′E / 40.100° СГШ; 21.583° ИГД / 40.100; 21.583
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Општ. единицаВенци
Надм. вис.&10000000000000690000000690 м
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Околу 3 километри северно од Коприва, на надморска височина од 690 метри, до граѓанската војна постоело макото село Палеокоприва кое административно влегувало во составот на општината Коприва.[2]

Историја

уреди

Изгледа дека се работи за постарата населба Коприва, одамна напуштена од месните жители кои изградиле нова населба позната како Коприва. Во постарите статистики Палеокоприва не се спомнува, што укажува дека била сосема напуштена. Обновена е во 1923 година, кога тука биле населени 15 бегалски семејства со вкупно 40 жители, колку што броело селото во пописот од 1928 година, а во пописот од 1940 година селото е евидентирано со 61 жител. Палеокоприва настрадала во времето на Граѓанската војна и повеќе не била обновена.[2]

Извори

уреди
  • Христов Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје.

Наводи

уреди