Палес
Во римската митологија, Палес бил божество на овчарите, крдата и добитокот. Некои го сметале ова божество за машки, а некои за женско, а постои и можност да биле две божества во пар (бидејќи Pales може да биде и еднина и множина на латински). Палес бил малку познато божество за кое имаме многу малку информации.
Фестивалот на Палес се нарекувал Парилии, и се славел на 21 април. На овој ден добитокот се водел преку логорски огништа. Друг фестивал во чест на Палес, но сега посветен на „двата Пала“ (Palibus duobus) се одржувал на 7 јули.
Марко Атилиј Регул изградил храм на Палес во Рим по неговата победа над Салентините во 267 BC. Се смета дека тој бил сместен на Палатинското брдо, но, можно е и да се наоѓал на патот на тиумфот, на Марсовото поле или на Авентинското брдо.
Извори
уреди- Richardson, L. (1992). A New Topographical Dictionary of Ancient Rome. Baltimore and London: The Johns Hopkins University Press. (стр. 282)
- Scullard, H.H. (1981). Festivals and Ceremonies of the Roman Republic. London: Thames and Hudson. (стр. 104–105)