Летни олимписки игри 1920
Летните олимписки игри во Антверпен се одржале во 1920 година и биле официјално седми, но фактички шести одржани олимписки игри. Тоа е поради броењето и на неодржаните Летни олимписки игри во Берлин во 1916 година. Организацијата на игрите била доделена на градот Антверпен во чест на жртвите и насилството на белгискиот народ за време на Првата светска војна. Друга можност била игрите да се одржат во Будимпешта.
N Зимски олимписки игри | |
| |
Град домаќин | |
---|---|
Бр. на држави | 29 |
Бр. на спортисти | 2,626 (2,561 мажи, 65 жени) |
Натпревари | 154 од 22 спортови |
Отворени | |
Затворени | |
Официјално отворени од: | Алберт I (Белгија)[1] |
Спортска заклетва | Виктор Боен |
Стадион |
Игрите не биле одржани во Берлин што требало но не се случило 4 години пред тоа како казна за земјите губитнички во Првата светска војна поради нарушувањето на светскиот мир. На таа одлука многу влијаеле и одлуките од Версајскиот договор.
Организацијата на игрите била доделена на градот Будимпешта кој во трката ги победил Амстердам и Лион, но бидејќи Австроунгарија била сојузник на Германија и била поразена во војната и таа се соочила со истата казна како и Берлин.
Ретроспектива
уреди- На овие Олимписки игри за првпат била дадена Олимписка заклетва и за првпат било завеано Олимпиското знаме.
- На игрите имало итн. „зимска седмица“ во која имало натпревари во уметничко лизгање и хокеј на мраз.
- Дјук Каханамаку успеал да ја одбрани Олимписката титула на 100m во пливање освоена на Летните олимписки игри - 1912.
- Недо Нади освоил 5 златни медали во мечување.
- Шведскиот натпреварувач во срелаштво на дивеч Оскар Сван победил во тимскиот настап со што со 72 години станал најстариот освојувач на Олимписки медал на сите времиња.
- Се појавил легендарниот фински атлетичар Паво Нурми со победите на 10.000m и 8.000m, освоил злато и во тимска конкуренција и сребро на 5.000m.
- За првпат Олимписките игри биле одржани натпревари во две држави. Два финални натпревари во едрење се одржале во Холандија од едноставна причина што имало само двајца натпреварувачи, а и двајцата биле Холанѓани.
Спротови
уредиДемонстративни спортови
уредиЗемји-учеснички
уредиНа Летните олимписки игри - 1920 во Антверпен учествувале 29 нации, за една повеќе од оние во Стокхоилм во 1912 година. Германија, Австрија, Унгарија, Бугарија и Турција не учествувале бидејќи ја загубиле Првата светска војна и го нарушиле светскиот мир. Од новосоздадените држави се натпреварувале само Естонија и Чехословачка на местото од Бохемија. Кралството СХС, Бразил и Монако дебитирале на Олимписките игри, а за првпат самостојно настапил и Нов Зеланд по заедничкото учество со Австралија во 1908 и 1912 година.
Освојувачи на медали
уредиМесто | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | САД | 41 | 27 | 27 | 95 |
2 | Шведска | 19 | 20 | 25 | 64 |
3 | Велика Британија | 15 | 15 | 13 | 43 |
4 | Финска | 15 | 10 | 9 | 34 |
5 | Белгија (домаќин) | 14 | 11 | 11 | 36 |
6 | Норвешка | 13 | 9 | 9 | 31 |
7 | Италија | 13 | 5 | 5 | 23 |
8 | Франција | 9 | 19 | 13 | 41 |
9 | Холандија | 4 | 2 | 5 | 11 |
10 | Данска | 3 | 9 | 1 | 13 |
Наводи
уреди- ↑ International Olympic Committee (13 септември 2013). "Factsheet - Opening Ceremony of the Games f the Olympiad". Соопштение за печат.