Ставроникита
Манастирот Ставроникита (грчки: Μονή Σταυρονικήτα, Moní Stavronikíta) е православен манастир на Света Гора во Грција, посветен на Свети Никола. Изграден е на врвот на една карпа во близина на морето на источниот брег на Светогорскиот Полуостров, сместен помеѓу манастирите Ивирон и Пантократор. Местото каде што манастирот бил изграден било користено од атонските монаси уште од 10ти век. Ставроникита е последниот осветен светогорски манастир во 1536 година и се наоѓа на петнаесетто место во хиерархијата на светогорските манастири. Моментално во манастирот живеат 30 до 40 монаси.