Википедија:Преведување

(Пренасочено од ПО:ПРЕВОД)
Ова е страница за помош на македонската Википедија.
Ова не е енциклопедиска содржина. Видете Помош:Содржина за индекс на сите страници за помош, или оставете прашање на Селската чешма каде што можете да добивате одговори.
Кратенки:
ВП:ПРЕВОД

Википедија има над 280 јазични изданија, а многу од нив имаат готови и квалитетни енциклопедиски содржини. Еден од најчестите начини на кој Википедија на македонски јазик се збогатува со содржини е со превод на готовите содржини од другите јазични проекти. Дали сакате да покриете некоја енциклопедиска содржина на македонски, а притоа имате добро познавање од англискиот, германскиот, францускиот, рускиот, српскиот, хрватскиот, албанскиот или други јазици? Тогаш, слободно можете да преведете статија од некое од овие јазични изданија!

За почеток, не грижете се, преведувањето на статија од друг јазичен проект е технички лесно.

Во начинот на извршување на преводот многу нови уредувачи прават одредени чести, ненамерни грешки. Во оваа страница за помош, чекор по чекор, преку пример ќе се запознаете со едноставниот процес на превод на една статија и ќе научите како да ги избегнете најчестите грешки.

1. Изберете ја темата на која ќе пишувате
Вие имате целосна слобода да изберете за што ќе пишувате и колку ќе пишувате. На пример, можете да изберете да пишувате за статија што сметате дека е важна и треба да ја има (за идеи, видете Википедија:Потребни статии), статии на темите кои ве интересираат, ако сте ученик — нешто што моментално го изучувате, област за која имате стручни познавања и слично. Во овој пример, најдовме дека не постои статија за спортот бадминтон (страниците кои не се создадени се со црвена врска).

2. Пребарајте — случајно да не постои таа статија овде под сличен наслов?
Во горниот десен агол, преку лентата за пребарување, внесете го насловот на темата и видете да не е претходно напишана статијата која сакате да ја напишете, или пак дали случајно постои, но под друг наслов.

Ако статијата веќе постои: можете да ја проширите и подобрите нејзината содржина, повторно преку превод.

3. Отворете го прозорецот за создавање на страницата
...со тој наслов на македонската Википедија. Тоа можете да го направите со тоа што ќе го пребарате точниот наслов во лентата за пребарување, при што, ако страницата не постои, ќе ви се појави црвена врска која ќе води до неа (како на претходната илустрација);

  • Друг начин: во некоја статија или страница, ќе кликнете на црвена врска која води до страницата (како на најпрвата илустрација);
  • Трет начин: можете и сами да си ја направите врската. Отворете го Песочникот (страницата за експериментирање), внесете врска до [[Насловот]], кликнете Преглед, па кликнете на црвената врска што ќе ја направите.

4. Во посебно јазиче, најдете ја соодветната статија на Википедија на англиски или на друг јазик
...по ваш избор (германски, српски, албански, хрватски, турски...), во согласност со Вашите јазични познавања. За список на сите јазични проекти, видете Википедија:Список на Википедии.

На пример, ако сакате да напишете статија за бадминтон или за висок крвен притисок, отидете на http://en.wikipedia.org, пребарајте (search) badminton или high blood pressure и ќе ја најдете статијата.

5. Отворете го вики-кодот на статијата на друг јазик
Откако ја пронајдовте статијата, кликнете на јазичето за уредување „Edit“ (ако случајно е заклучена страницата за уредување, како во овој пример, кликнете на „View source“) што се наоѓа веднаш до јазичето за читање „Read“. Како што е прикажано на сликата, овие јазичиња се наоѓаат над насловот на страницата.


6. Запознајте се со вики-кодот на статијата и што тој создава
Статиите имаат одредени, често присутни елементи кои обично се во ист редослед кај многу статии. Видете го примеров и запознајте со посебните делови од вики-кодот кои ја составуваат статијата, како и нивниот редослед:

7. Копирајте го кодот на инфокутијата (ако ја има) и воведниот пасус во прозорецот за создавање на страницата (на mk.wiki)
Забелешка: Воведниот пасус е текстот кој обично се наоѓа под инфокутијата, па сè до првиот пасус, обележан како ==Наслов==.


8. Преведете ја инфокутијата и воведниот пасус
Сега, Ве молиме, обрнете внимание на тоа кој дел од кодот треба да се преведе, а кој дел треба да се остави неизменет:

9. Додадете го пасусот Поврзано (ако во статијата има пасус See also)


10. Додадете го пасусот Наводи (ако во статијата има наводи и пасус References)


11. Додадете го пасусот Надворешни врски (ако во статијата има пасус External links)


12. Додадете ги категориите


13. Копирајте ги меѓујазичните врски (неизменети)


14. Направете преглед
Стиснете на копчето „Преглед“, кое се наоѓа под прозорецот за уредување. Вака ќе прегледате како ќе изгледа статијата пред да ја зачувате. Доколку забележите дека сте направиле некои грешки, можете да се вратите во прозорецот за уредување под прегледот и да ги поправите.



15. Внесете опис и зачувајте ја страницата
Откако ќе бидете задоволни од прегледот на статијата и ќе ги поправите евентуалните грешки, во полето за опис внесете „нова статија“, а потоа стиснете на копчето „Зачувај“.


Честито! Штотуку создадовте една мала статија (никулец) со еден воведен пасус!
Статијата може да постои во ваква форма, меѓутоа, сега можете да ја проширите и со останатите делови:

16. Преведете ги останатите пасуси од статијата
Сега ја знаете основата на преведувањето и како треба да се преведува, па ако имате желба да ја преведете статијата до крај:

  • кликнете на јазичето „Уреди“ на новосоздадената статија,
  • копирајте го кодот на пасусот од статијата на англиски (или друг јазик) на соодветното место,
  • преведете го (следејќи ги веќе наведените упатства),
  • прегледајте ги измените (копче „Преглед“),
  • додајте опис (на пример: додаден пасус: Историја) и, на крај,
  • зачувајте ги промените (копче „Зачувај“).

Вака направете и за сите преостанати делови од статијата.

Помош! Нешто не е како што е треба!


Останати страници