Офра Хаза

израелска пејачка (1957-2000)

Офра Хаза (хебрејски: עפרה חזה; (19 ноември 1957 – 23 февруари 2000 година) ― израелска пејачка, текстописец и глумица, позната и како „Мадона од Истокот“[1] или „Израелска Мадона“.[2] Поседувала исклучително чист и „нежен“ мецосопран.[3] Во 2023 година, Ролинг Стоун ја ставило Хаза на 186-то место на нивниот список од „200 најдобри пејачи на сите времиња“.[4]

Офра Хаза
עפרה חזה
Офра Хаза во 1981
Роден(а)Бат-Шева Хаза
19 ноември 1957(1957-11-19)
Хатиква, Тел Авив, Израел
Починал(а)23 февруари 2000(2000-02-23) (возр. 42)
Рамат Ган, Израел
Причина за смртКомпликации од ХИВ
Активен период1969–2000
СопружникДорон Ашкенази (в. 1997)
Потпис

Офра Хаза потекнувала од еврејско семејство од Јемен (Мизрахи Евреи), а нејзината музика била мешавина од традиционална блискоисточна музика и поп-музика со стихови од еврејски народни приказни и поезија.[5] Кон крајот на 1980-тите, Хаза веќе била популарна во Европа и Америка и редовно била емитувана на MTV.[6] За време на нејзината пејачка кариера, издала многу платинести и златни дискови, а нејзината музика била многу популарна и на клупската сцена.[6] Во 1990-тите, на врвот на нејзината кариера,[7] таа редовно придонесувала со песни во филмски саундтракови,[6] како: Дик Трејси (1990) и Принцот од Египет (1998), а нејзиниот глас често бил користен во хип-хоп музиката. Починала во 2000 година од болест поврзана со СИДА.

Во Израел, Хаза била многу влијателна културна личност и се смета за една од најголемите културни икони во земјата[7] која помогнала да се популаризира Мизрахи културата.[8]

Животопис

уреди

Бат-Шева Офра Хаза е родена во Тел Авив, Израел,[9] во семејство на Евреи-Мизрахи од Јемен кои со осум деца[10] [11] [12] се доселиле во Израел во 1949 година.[13] Таа била најмала од деветте деца[14] (имала шест сестри и два брата) на Јефет и Шошана Хаза. Пораснала во едно од најсиромашните предградија во јужниот дел на Тел Авив, во населбата Шчунат Хатиква.

На 12-годишна возраст, Хаза се приклучила на месната театарска трупа, „Хатиква“ (Надеж), која била штотуку основана од нејзиниот сосед, Безалел Алони.[11][15] Хаза набрзо се истакнала како една од најталентираните изведувачи во трупата,[15] а менаџерот Безалел Алони ја забележал и нејзината дарба за пеење. Тој подоцна станал нејзин менаџер и ментор. На 19 години, Офра Хаза била најпопуларна поп-ѕвезда во Израел, а новинарите ретроспективно ја опишале како „Мадона од Истокот“.[16] [17]

Хаза две години служела во Израелските одбранбени сили.[12]

 
Офра Хаза во емисијата на Ден Шилон, со Перес, Нетанјаху и Јехорам Гаон, 1995 година

Светска популарност

уреди

Офра Хаза го претставувала Израел на Изборот за песна на Евровизија во 1983 година, со песната „Hi“ и со 136 поени завршила на второ место. На светската музичка сцена се пробила со издавањето на албумот Shirei Teiman („Јеменски песни“), кој го снимила во 1984 година. Уште поголема популарност се здобила со синглот „Im Nin'alu“, од нејзиниот албум Shaday (1988) кој ја освоил наградата за „Најдобар меѓународен албум на годината“ на Новите музички награди (New Music Award).[18] Песната, во јуни 1988 година, две недели била на врвот на европската топ-листа (Eurochart) и била често емитувана на каналите на музичкиот канал MTV. Во аналите на класичниот хип-хоп оваа песна подоцна била многупати реобјавена, ремиксирана и семплирана, на пример на ремиксот од Coldcut на песната „Paid in Full“ од Ерик Б. и Раким. Следните синглови од Офра Хаза имале денс-бит призвук и биле направени спотови за песните, поконкретно Galbi, Daw Da Hiya и Mata Hari, но тие не успеале да ја достигнат популарноста на нејзиниот прв хит. Im Nin'alu подоцна била ставена и на радио-плејлистата за видео-играта Grand Theft Auto: Liberty City Stories, објавена во 2005 година.

Хаза, исто така, добила признание од критиката за албумите: Fifty Gates of Wisdom (1984), Desert Wind (1989), Kirya (1992) и Ofra Haza (1997).

Во 1994 година, Хаза го издала нејзиниот прв хебрејски албум по седум години, Kol Haneshama („Цела душа“). Иако на почетокот немал забележителен успех на топ-листите, од албумот произлегол еден од нејзините најголеми хитови, Le'orech Hayam ("Заедно со морето"). Песната станала популарна откако Хаза ја извела во собранието во спомен на починатиот премиер Јицак Рабин, една недела по неговото убиство.

Соработки

уреди

Нејзината соработка со меѓународно етаблирани музичари го вклучува синглот „Temple of Love (Touched by the Hand of Ofra Haza)“, снимен со The Sisters of Mercy во 1992 година. Томас Долби бил копродуцент на Yemenite Songs и Desert Wind, на кои тој бил и гостин-музичар. Хаза гостувала на албумот на Долби Astronauts And Heretics (1992), пеејќи на песната „That's Why People Fall in Love“. Таа ја снимила песната „My Love Is for Real“ со Пола Абдул во 1995 година. Хаза пеела придружни вокали на песната „Friend of Stars“ од германската електропоп група And One, од албумот Spot (1993).

За албумот Kirya, Иги Поп е наратор во песната „Daw Da Hiya“, а Хаза заедно со многу други ѕвезди пеела во неговата песна „Give Peace A Chance“ од 1991 година. Таа придонела со песна и за саундтракот филмовите: Бои (1988), Дик Трејси (1990), Дива орхидеја (1990), Кралицата Марго (1994) и Принцот од Египет (1998). За Дик Трејси, Мадона, која исто така придонела во саунтракот на филмот, сакала Офра Хаза да придонесува за саундтракот на филмот и ја охрабрила да го стори тоа.[19] Мадона искористила дел (семплирање) од песната од Хаза Im Nin'alu во нејзината песна Isaac од албумот Confessions On A Dance Floor (2005).[20]

Во „Принцот од Египет“, таа го позајмила гласот на Јохаведа и ја испеала „Избави нè“. Откако Ханс Цимер, кој работел со Хаза на музиката за „Принцот од Египет“, ја запознал со уметниците, тие сметале дека е толку убава што ја нацртале Јохаведа да личи на пејачката. За саундтракот од филмот, Хаза ја отпеала песната „Deliver Us“ на 19 јазици:

  • Чешки — „Tak vyveď nás“
  • Холандски - „Verlos ons, Heer“
  • Англиски - „Deliver Us“
  • Фински - „Johdata“
  • Француски - „Délivre nous“
  • Германски - „Erlöse uns“
  • Грчки - „Eleftheri“
  • Хебрејски - „Hoshia Na“
  • Унгарски - „Szabadíts“
  • Италијански - „Ascoltaci“
  • Норвешки - „Befri Oss“
  • Полски — „Uwolnij nas“
  • Португалски (бразилски и европски) - „Liberte-nos“
  • Романски — „Izbăvește-ne“
  • Словачки — „Vysloboď nás“
  • Шпански (латински и кастилски) - „Libéranos“
  • Шведски - „Бефрија Осс“

За саундтракот за Гувернанта (The Governess (1998)), Хаза испеала седум од дванаесетте песни и соработувала со композиторот за филмска музика Едвард Ширмур. Гласот на Хаза може да се слушне во: синглот „Babylon“ од The Black Dog, песната „Paid in Full (ремикс од Coldcut)“ од Ерик Б и Раким, песната „Temple of Love (1992)" од The Sisters of Mercy и во хитот "Pump Up The Volume" од M/A/R/R/S. Синглот „Love Song“ многупати бил ремиксиран од диџеи.

Брак

уреди

На 15 јули 1997 година, Хаза се омажила за бизнисменот Дорон Ашкенази. Тие немале деца, но Ашкенази имал посвоен син и биолошка ќерка од првиот брак.[21] [22]

Смрт

уреди
 
Гробот на Офра Хаза на гробиштата во Јаркон

Офра Хаза починала од СИДА на 23 февруари 2000 година, на 42-годишна возраст.

Хаза била погребана во делот за уметници на гробиштата Јаркон во Петах Тиква во близина на Тел Авив.

Покрај многубројните обожаватели од целиот свет, на погребот присуствувале и политичари како Ехуд Барак и Шимон Перес и многу познати израелски личности како што се пејачите Шошана Дамари и Јардена Араси, како и вдовицата на Јицак Рабин, Леа Рабин.

По нејзината смрт избила жестока расправија меѓу нејзиното семејство, нејзиниот сопруг и нејзиниот поранешен менаџер Алони. Нејзиното семејство се сомневало дека нејзиниот сопруг ја заразил со ХИВ - обвинение кое Алони го потврдил и во неговата автобиографија, во која напишал дека Хаза, како побожна Еврејка, влегла во бракот како девица и дека Ашкенази веќе се женел пред бракот и бил познат неговиот разуздан начин на живот и неговата зависност од дрога. Ашкенази жестоко негирал секаква инфекција од негова страна. Тој тврдел дека Хаза се заразила преку трансфузија на крв која ја примила за време на спонтан абортус и најавил дека ќе биде објавен тест на крвта. Безмалку една година по Хаза, тој починал од предозирање. Резултатите од тестот на крвта никогаш не биле објавени.

Дискографија

уреди

Албуми

уреди
Студиски албуми 
  • Al Ahavot Shelanu (1980)
  • Bo Nedaber (1981)
  • Pituyim (1982)
  • Li-yeladim (1982)
  • Hai (1983)
  • Shirey Moledet (1983)
  • Bayt Ham (1984)
  • Yemenite Songs (1984)
  • Adamah (1985)
  • Shirey Moledet 2 (1985)
  • Yamim Nishbarim (1986)
  • Shirey Moledet 3 (1987)
  • Shaday (1988)
  • Desert Wind (1989)
  • Kirya (1992)
  • Kol Haneshama (1994)
  • Ofra Haza (1997)


Наводи

уреди
  1. „The Israeli Madonna“. BBC Four. 2010. Посетено на 8 April 2015.
  2. „Ofra Haza, Madonna of the East“. Legacy.com. Архивирано од изворникот на 26 February 2015. Посетено на 8 April 2015.
  3. Pareles, Jon (24 February 2000). „Ofra Haza, 41, Israeli Pop Singer Who Crossed Cultural Bounds“. The New York Times. New York. Посетено на 28 July 2011.
  4. Празен навод (help)
  5. „Ofra Haza | Morning Becomes Eclectic“. KCRW (англиски). 2009-08-13. Посетено на 2022-12-23.
  6. 6,0 6,1 6,2 „Ofra Haza“. Deezer (англиски). Посетено на 2022-12-23.
  7. 7,0 7,1 „Ofra Haza, Tragic Israeli Pop Diva“. Tablet Magazine (англиски). 2023-02-23. Посетено на 2023-02-26.
  8. Joffe, Lawrence (2000-02-25). „Ofra Haza“. the Guardian (англиски). Посетено на 2021-01-20.
  9. „Ofra Haza“. Jewish Women's Archive (англиски). Посетено на 2021-01-20.
  10. „Ofra Haza“. Jewish Women's Archive (англиски). Посетено на 2023-02-26.
  11. 11,0 11,1 Joffe, Lawrence (2000-02-25). „Ofra Haza“. the Guardian (англиски). Посетено на 2021-01-20.
  12. 12,0 12,1 „Ofra Haza | Encyclopedia.com“. www.encyclopedia.com. Посетено на 2021-01-20.
  13. „Ruth Ellis's Suit“. doi:10.17658/issn.2058-5462/issue-21/lnead/p15. Наводот journal бара |journal= (help)
  14. „Death Of A Diva“. POZ (англиски). 2000-06-01. Посетено на 2021-01-20.
  15. 15,0 15,1 „Ofra Haza | Encyclopedia.com“. www.encyclopedia.com. Посетено на 2023-02-26.
  16. „A-Wa's Unlikely Journey From Rural Israel to Global Fame“. The Forward. 6 August 2015.
  17. „Grapevine“. The Jerusalem Post. 15 February 2020.
  18. „Ofra Haza: From Hatikva to Hollywood“. Jerusalem Post online. 24 February 2000. Архивирано од изворникот на 13 October 2011. Посетено на 2 July 2011.
  19. „Document - Gale OneFile: Health and Medicine“.
  20. „Confessions on a Dance Floor“.
  21. Amit Ben-Aroya. "Ofra Haza's husband found dead, police suspect drug overdose", Haaretz, 7 April 2001
  22. Greer Fay Cashman. "Jerusalem Post Article about Shai Ashkenazi" Архивирано на 24 јуни 2011 г., The Jerusalem Post, 21 October 2007

Надворешни врски

уреди