Раким

американски рапер

Вилијам Мајкл Грифин Помладиот (англ. William Michael Griffin Jr.; роден на 28 јануари 1968) познат по неговото уметничко име Раким (англ. Rakim) ― американски рапер. Тој бил дел од хип-хоп-дуото Eric B. & Rakim со кого објавил четири албуми: Paid in Full (1987), Follow the Leader (1988), Let the Rhythm Hit 'Em (1990) и Don't Sweat the Technique (1992). Тој исто така објавил три соло-албуми: The 18th Letter (1997), The Master (1999) и The Seventh Seal (2009).

Раким
Раким во 2008
Животописни податоци
Родено имеВилијам Мајкл Грифин Помладиот
Познат(а) и како
  • The God MC
  • Kid Wizard
  • The R
  • The 18th Letter
Роден(а)28 јануари 1968(1968-01-28)(56 г.)
Вајанданч, Њујорк, САД[1]
ЖанровиХип-хоп
Издавачи
Мреж. местоthegodrakim.com

Раким се смета за еден од највлијателните и највештите ем-си (MC) уметници на сите времиња.[2][3][4][5][6] Раким бил меѓу првите рапери кои во песните почнале да употребуваат внатрешни рими и повеќесложни рими и бил меѓу првите кој пишувал сложени стихови кои изобилувале со мудро избрани зборови и метафори, за разлика од поедноставните шеми на рима кои доминирале во рап-музиката пред неговото време.[6][7]

Во 2006 година, неговиот албум, Paid in Full, MTV го прогласила за најдобар хип-хоп-албум на сите времиња,[8] а Раким бил ставен на 4-то место на списокот од MTV за „Најдобри MC-а на сите времиња“.[9] Стив Хјуи од AllMusic изјавил дека „Раким е речиси универзално сметан за еден од најдобрите MC-а, ако не и најдобар, на сите времиња во хип-хоп заедницата“.[10] Уредниците од About.com го ставиле на второ место на нивниот список од „Топ-50 MC од наше време (1987–2007)“. Во 2012 година, The Source го ставил на прво место на нивниот список од „Топ-50 текстописци на сите времиња“.[11]

Дискографија

уреди

Студиски албуми

уреди

Соло

  • The 18th Letter (1997)
  • The Master (1999)
  • The Seventh Seal (2009)

Со Eric B. & Rakim

  • Paid in Full (1987)
  • Follow the Leader (1988)
  • Let the Rhythm Hit 'Em (1990)
  • Don't Sweat the Technique (1992)

Наводи

уреди
  1. Steve Huey. „Rakim“. AllMusic. Архивирано од изворникот April 28, 2019. Посетено на November 12, 2019.
  2. Steve Huey. „Rakim“. AllMusic (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-03-06. Посетено на 2010-12-13. Занемарен непознатиот параметар |description= (help); Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  3. Kool Moe Dee, 2003, «There’s A God On The Mic: The True 50 Greatest MCs», Thunder’s Mouth Press, p.324.
  4. „The Greatest MCs Of All Time“. MTV.com. 2006-03-09. Архивирано од изворникот на 2010-04-02. Посетено на 2010-04-01.
  5. . ISBN 978-1858286372. Занемарен непознатиот параметар |издание= (help); Занемарен непознатиот параметар |место= (help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |страницы= (help); Занемарен непознатиот параметар |год= (help); Занемарен непознатиот параметар |издательство= (help); Занемарен непознатиот параметар |автор= (help); Занемарен непознатиот параметар |язык= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  6. 6,0 6,1 Huey, Steve. „Rakim Biography“. allmusic. Посетено на December 13, 2010.
  7. Kool Moe Dee 2003.
  8. „The Greatest Hip-Hop Albums Of All Time“. MTV.com. March 9, 2006. Архивирано од изворникот на July 19, 2013. Посетено на March 30, 2012.
  9. „The Greatest MCs Of All Time“. MTV.com. March 9, 2006. Архивирано од изворникот на April 18, 2012. Посетено на March 30, 2012.
  10. Huey, Steve. „Rakim“. AllMusic. Архивирано од изворникот на January 10, 2012. Посетено на March 30, 2012.
  11. „The Source's Top 50 Lyricists Of All Time **Complete List Inside**“. ThisIs50.com. Архивирано од изворникот на December 31, 2013. Посетено на July 5, 2013.

Надворешни врски

уреди