Осман Беј (грчки: Καλλιρρόη, Калирои[1] или Ξηροπόταμος, Ксиропотамос, во превод Сува Река,[2] до 1969 г. Οσμάν Μπέη и Πίκρι[1]) — река во Костурско, Егејска Македонија, лева притока на Галешово, дел од сливот на Бистрица.[2][3]

Осман Беј
Καλλιρρόη
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајКостурско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоОдре кај Желогоже
 • координати40°27′58″N 21°09′19″E / 40.4660° СГШ; 21.1554° ИГД / 40.4660; 21.1554
Устие 
 • место
Галешово кај Рупишта
 • координати
40°27′17″N 21°14′11″E / 40.4546° СГШ; 21.2363° ИГД / 40.4546; 21.2363
Особености на сливот

Опис

уреди

Реката извира во северниот дел на планината Одре, југозападно од Цакони и североисточно од Желогоже под името Пикри. Тече првично на североисток, па јужно од селото Желин свртува кон југоисток, и така сето време тече напоредно на Бистрица (Белица). Ја прима поголемата лева притока Бодацина и се влева во Галешово западно од градот Рупишта, малку пред нејзиниот влив во Бистрица.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 713. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  2. 2,0 2,1 Kónitsa GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. 610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University. London: War Office. 1944.
  3. 3,0 3,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“