Орхан Муртезани
Орхан Муртезани (р. 7 јуни 1984 во Скопје) — македонски политичар кој моментално ја извршува фукнцијата министер за европски прашања од редовите на Алтернатива.
Орхан Муртезани | |
---|---|
Министер за европски прашања | |
На должноста | |
Стапил 23 јуни 2024 | |
Претседател | Гордана Силјановска-Давкова |
Премиер | Христијан Мицкоски |
Претходник | Бојан Маричиќ |
Наследник | моментален |
Лични податоци | |
Роден(а) | 7 јуни 1984 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Народност | Албанец |
Партија | Алтернатива |
Вероисповед | Ислам |
Животопис
уредиОрхан Муртезани е истакнат економист и политичар со значајно искуство во јавниот и приватниот сектор. Роден е на 15 октомври 1984 година во Скопје.
Муртезани завршува високо образование на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се стекна со диплома по економија. Потоа го продолжува своето образование на Универзитетот Мармара во Истанбул, каде што завршува последипломски студии.
Неговата професионална кариера започнува во 2015 година кога станува директор на Центарот за демократија и развој, позиција која ја врши до 2017 година. Од 2016 година, пак, Муртезани е и портпарол на политичката партија Алтернатива.
Во 2019 година, Муртезани е назначен за генерален директор и претседател на Управниот одбор на А.Д. Железници на Република Северна Македонија - Транспорт, позиција која ја извршува до октомври 2020 година. Во периодот од 2020 до 2021 година тој е соосновач и директор на приватна транспортна компанија.
Од декември 2021 до март 2023 година, Муртезани е генерален директор и претседател на Управниот одбор на А.Д. МЕПСО.
Муртезани покрај албанскиот течно говори македонски, турски и англиски јазик.