Медал за храброст (СФРЈ)

Медал за храброст — одликување на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Го воспоставил врховниот командант на НОВ и ПОЈ, Јосип Броз-Тито, на 15 август 1943 година со Уредба за одликувања во Народноослободителната војска на Југославија, заедно со Орденот за храброст. Им се доделувал на припадници на вооружените сили на СФРЈ, како и на цивили кои извршиле една или повеќе акции во борбата против непријателот, со што ја докажале својата лична храброст. Овој медал бил доделуван и на поединци кои спасувале луѓе и материјални добра во опасни ситуации и покажале лична храброст и пожртвуваност. Медалот за храброст бил најзначајниот орден на СФРЈ. Доделени се вкупно 205.590 медали. Постојат две варијанти на овој медал. Првата, која е направена за време на војната во Советскиот Сојуз, во Московската ковачница, и втората варијанта, која е направена на крајот на војната во ковачницата „ИКОМ“ во Загреб.

Медал за храброст
Подобност Војници на СФР Југослваија и југословенски партизани од Втората светска војна.
Статус не се доделува повеќе
Статистики
Воведено 15 август 1943[1]

Лента на медалот за храброст

Изглед на медалот уреди

Медалот за храброст е изработен од позлатена легура на бакар и цинк, во облик на круг, со пречник од 36 mm, дебелина од 2,5 mm, со мазен раб. На лицето на медалот има релјефна биста на борец кој со десната рака држи пушка. На задната страна на медалот, во круг, се поставени две лаворови гранки, кои не се допираат на врвот. Помеѓу гранките стои натписот: „За храброст“, а под натписот има петкрака ѕвезда. Медалот виси на лента широка 20 мм, превиткана во форма на петаголник, така што горната хоризонтална и двете долни коси страни се долги 22 мм, а страните 42 мм. Лентата има пет сини и четири бели тесни пруги. Лентата е изработена од моарирана свила со пет сини и четири бели вертикални пруги широки 4 мм. Медалот за храброст се носи на левата страна на градите.[2]

Наводи уреди

  1. "Yugoslav WW2 Medals." Yugoslav WW2 Medals. N.p., n.d. Web. 18 May 2015.
  2. „Одлука Предсједништва СФРЈ о статутима ордена и медаља СФРЈ,“. Службени лист СФРЈ. 14/86: 14. 1986.