Орадур сир Глан
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Орадур-сир-Глан (француски: Oradour-sur-Glane, окситански: Orador de Glana) — општина во департманот Горна Вјена (Лимузен) во западна Франција. Вистинското село било уништено на 10 јуни 1944, кога 642 жители на селото (вклучувајќи и жени и деца) биле масакрирани од германската војска. По војната било изградено ново село во истата околина, но францускиот претседател Шарл де Гол наредил вистинското село да се зачува како спомен за ужасите на Втората светска војна.
Историја
уредиВтора светска војна
уредиВо февруари 1944 година Втората Панцердивизија на Специјалните полициски сили на нацистите (Рајхот) била сместена во Валенс д’Ажен, град во јужна Франција северно од Тулуза и чекала да ја снабдат со нова опрема и нови трупи.По инвазијата на Нормандија, на дивизијата ѝ било наредено да ја надгледува државата за да го сопре напредокот на Сојузниците.Една од единиците на дивизијата била Четвртиот Панцергренадир Регимент( Полковија) на СС (Фирер). Во нејзиниот персонал биле Штандартенфирер (чин во нацистичките дивизии) Силвестер Штадлер , како командант на полковија, Штурмбанфирер Адолф Дикман како командир на Првиот баталјон на полковијата и Штурмбанфирерoт Ото Вајдингер кој бил назначен за наследник на Штадлер како командант на полковија . Командата на „Фирер “ му била доделена на 14 јуни.
Рано наутро на 10 јуни 1944 Дикмен го известил Вајдингер во седиштето на полковијата дека двајца членови на Милис, француската тајна полиција која соработувала со Гестапо го известиле дека Отпорот заробил еден германски офицер во Орадур Сир Вајр , едно село во близина и дека го држат како заложник.Се позтавило дека заробениот германски офицер е Штурмбанфирерот Хелмут Камфе,командант на Вториот Пацер Баталјон (друга единица од дивизијата Рајх) за кој се мислело дека бил фатен од Маки ( здружение на отпорот во Франција) претходниот ден.
Масакрот
уредиНа 10 јуни , баталјонот на Дикмен го блокирал Орадур сир Глан мислејќи дека е Орадур сир Вајр и и наредил сите луѓе од селото (дури и оние кои минувале оттаму) да се соберат на селскиот плоштад, наводно, за да им ги проверат документите. Во оваа група биле и шестмина кои не живееле во селото, но за несреќа, поминувале низ селото кога пристигнале Германците.
Сите жени и деца биле заклучени во црквата додека војниците го пљачкосувале селото.Во меѓувреме, мажите биле однесени во шест амбари и плевни каде што била наместена опремата за стрелање.
Според еден преживеан, кога војниците започнале да пукаат во нив, целеле кон нивните нозе за да умрат побавно.Кога жртвите повеќе не можеле да се движат, војниците им ги полиле телата со бензин и го запалиле амбарот. Само шестмина избегале.Еден од нив подоцна бил виден како се влече по улицата кон гробиштата и веднаш бил застрелан.
Војниците продолжиле кон црквата и ја запалиле.Откако огнот се распламтил, жените и децата се обиделе да бегаат низ вратите и прозорците, но само што се појавувале биле стрелани. Вкупно 247 жени и 205 деца загинале во колежот. Само две жени и едно дете преживеале, едната била Маргерит Руфанш.Таа се спуштила од задниот прозорец на ѓаконијата а по неа дошле и една млада мајка со своето дете.Ова го предизвикало вниманието на Германците и трите биле застрелани. Маргерит била ранета а другите двајца биле убиени.Таа ползела до една грмушка зад црквата и се криела цела ноќ, сè додека не била спасена наредното утро. Дваесет селани избегале од селото во моментот кога Германците се појавиле.Таа ноќ,селото било срамнето со земја.
Неколку дена подоцна, на преживеаните им било дозволено да ги закопаат загинатите.Дури 642 жители биле убиени за неколку часа.Адолф Дикман рекол дека овој настан е одмазда за активностите против Германците во областа Туле и за киднапирањето на Хелмут Камфе.
Последици
уредиНа 12 јануари 1953 година Воениот суд во Бордо го отворил случајот против 65 од вкупно 200 германски војници кои биле вклучени во овој масакр. Само 21 од нив биле присутни ( Повеќето живееле во Источна Германија која не дозволувала да бидат екстрадирани). Седум од нив биле Германци, но 14 од нив биле од Алзас, граѓани на Франција од германска националност кои Нацистите ги сметале за членови на Рајхот. Сите освен еден тврделе дека биле натерани да се приклучат на дивизиите на СС против нивна волја таканаречено малгре ну (malgrè nous) .
Ова судење предизвикало огромни протести во Алзас , што ги принудило француските власти да го поделат судот на две различни судења, според националноста на обвинетите.На 11 февруари 20 обвинети биле осудени.Протестите ( што вклучувале и повици за независност) во Алзас го натерале францускиот парламент да го амнестира законот за сите малгре ну на 19 февруари и осудените граѓани на Алзас наскоро биле ослободени. Но, ова предизвикало огромни протести во регионот Лимузин.
Во 1958 сите обвинети Германци биле исто така ослободени.Генералот Хајнц Ламердинг од дивизијата Рајх, кој давал наредби за преземање мерки против Отпорот, починал во 1971 по успешна претприемачка кариера.За време на судењето тој живеел во Диселдорф кој бил под Британската окупациска зона на Западна Германија , а француските власти никогаш не успеале да добијат дозвола од британските власти за негова екстрадиција.
Последното судење на поранешен член на Дивизиите на Рајхот било во 1983.Малку пред тоа, поранешниот Оберштурмфирер на СС Хајнц Барт бил испратен во Источна Германија.Барт учествувал во масакрот во Орадур сур Глан како водач на полковијата Фирер и под негова одговорност биле 45 војници. Тој бил еден од неколкуте воени злосторници кои дале наредба за стрелање на 20 луѓе.Барт бил доживотно осуден од Првиот Сенат на Градскиот Суд во Берлин.Бил ослободен од затвор во 1997 и починал во август 2007.
По војната, претседателот Шарл де Гол наредил селото никогаш да не се реновира.Наместо тоа, да стои како што е, да сведочи за суровоста на Нацистичката окупација.Во 1999 претседателот Жак Ширак изградил Меморијален музеј ( Centre de la mémoire d’Oradour) посветен на жртвите на масакрот, близу селото Мартир (селото на мачениците).
На 6 јуни 2004, на комеморативна церемонија за Нормандиската инвазија која била одржана во Кан, германскиот канцерлард Герхард Шредер изјави дека Германија нема да ја заборави свирепоста на Нацистите и го спомена Орадур сир Глан.
Орадур сир Глан во поново време
уредиНовото изградено село Орадур сир Глан,(со население од 2188 жители според податоци од 2006) било изградено по војната, северозападно од местото на масакрот а урнатините од поранешното село ќе стојат за да не се заборави споменот на жртвите но и за да претставува и други такви настани.Во музејот има и предмети кои се земени од изгорените куќи, часовници кои запреле во истиот момент кога нивните сопственици изгореле, чаши стопени од огромната топлина и други лични предмети и пари.
Анализа
уредиНаредбите на Дикман
уредиКога влегол во Орадур сир Глан, Штурмбанфирерот Дикман добил наредба од неговиот командант Штандартенфирерот Штадлер да држи само триесеттина селани како заложници, кои би им ги дал на луѓето од Отпорот како замена за Штурмбанфирерот Камфе, но тој наместо тоа наредил да се убие целото население и селото да се изгори до темел. Протести имало и од генералот Ервин Ромел, од генералот Глајнигер, од германските команданти во Лимузин и од општината Виши. Штандартенфирерот Штадлер сфатил дека Дикман претерал со неговите наредби и наредил истрага за тој случај, но таа истрага била прекината бидејќи Дикман,кој тогаш имал 29 години загинал во една борба по Битката во Нормандија ,а повеќето од неговите соучесници биле исто така убиено по неколку дена.
Германскиот однос кон Отпорот
уредиВо масакрот во Орадур сир Глан имало мажи, жени и деца, некои стари само една недела, а некои по 90 години.Орадур сир Глан не е единствена „колективна казна“ извршена од дивизиите на СС, други евидентирани вакви настани се : француските градови Тул,Аск, Маје,Робер-Еспањ; полските села Мишалов и Ванати; советското село Кортелиси,литванското село Пирчупјани,чехословачките села Лежаки и Лидис, грчките градови Калаврита и Дистомо, холандскиот град Путен, српските градови Крагујевац и Кралево, норвешкото село Телеваг и италијанскиот град Марцабото.Дивизиите на СС убивале и заложници низ Франција за да го заплашат Отпорот.
Демографска еволуција
уредиОрадур-сир-Глан на телевизија
уредиПриказната за Орадур сир Глан беше прикажана 1974 во британскиот сериски документарец Светот во војна Во кој Сер Лоренс Оливије беше раскажувач.Во првата и последната епизода ( насловени како Нова Германија и Запомнете) се прикажани хеликоптерски снимки од уништеното село, со слики од жртвите кои се поставени на нивните гробови.И двете епизоди започнуваат со зборовите :
„По овој пат, во еден летен ден во 1944...Дојдоа војниците.Сега никој не живее овде . Војниците останаа само неколку часа.Кога си заминаа, заедницата која живеела овде илјадници години беше мртва.
Ова е Орадур сир Глан, во Франција.Денот кога дојдоа војниците, луѓето беа собрани.Мажите беа однесени во амбари и плевни, а жените и децата беа одвлечкани по овој пат и беа однесени во оваа црква.Тука тие ги слушнаа истрелите кои ги убија нивните мажи, а потоа и самите тие беа убиени.Неколку недели подоцна , многу од оние кои го извршиле масакрот исто така загинале...во битка.
Орадур никогаш не беше изграден повторно.Неговите урнатини се споменик.Ова сведочи за илјадниците ваква страдалнички места во Полска, Русија, во Бурма,Кина, за Светот во војна...“
На крајот на 26тата епизода кога биле прикажани повеќе слики од неколку масакри придружуавани од трогателна музика Оливје рече: Денот кога дојдоа војниците во селото Орадур сир Глан , убија повеќе од шестотини мажи и жени...Запомнете.
Орадур-сир-Глан на филм
уредиВо септември 2011 беше прикажан филмот Орадур во Франција.
Во литературата
уредиПоетесата Џијан Кларке од Велс го спомнала масакрот од Орадур-сир-Глан во две нејзини поеми Орадур сир Глан и Пејач.
Во музиката
уредиВо видезаписот за песната The escapist од групата Стритс, Мајк Скинер се гледа на еден дел како се шета низ уништеното село. Фотографија од уништена кола од селото е на насловната на албумот на Точка отпор на руската група Скафандар и Васја од Кирпичи.