Административна поделба на Гренланд

(Пренасочено од Општини во Гренланд)

Административната поделба на Гренланд ја опфаќа политичката поделеност на државата поради статистичко-административни причини. Државата е поделена на општини како првостепена административна поделба. Вкупно, Гренланд има 4 големи по територија општини.[1] Покрај тоа, често во оваа група се вклучува и најголемиот во свет Североисточен гренландски национален парк. Важно е да се напомене дека Воздухопловството на САД има своја енклава (Воздухопловна база Туле) во Касуитсуп.

Општини

уреди

Актуелната административна поделба на Гренланд стапила на сила на 1 јануари 2018 година:

 
Административна поделба на Гренланд од 1 јануари 2018 година.
име гренландски адм. центар грб ISO[2] население површина (км²)
Аваната Avannaata Kommunia Илулисат 10,651

[3]

Кујалек Kommune Kujalleq Какорток   GL-KU 7,589 32,000
Кекерталик Kommune Qeqertalik Асијат 6,504[4]
Кеката Qeqqata Kommunia Сисимиут   GL-QE 9,677 115,500
Сермерсок Kommuneqarfik Sermersooq Нук   GL-SM 21,232 531,900

Административна поделба до 2018

уреди
 
Општините на Гренланд.
име гренландски седиште грб ISO[5] население површина (км²)
Кујалек Kommune Kujalleq Какорток   GL-KU 7,589 32,000
Касуитсуп Qaasuitsup Kommunia Илулисат   GL-QA 17,749 660,000
Кеката Qeqqata Kommunia Сисимиут   GL-QE 9,677 115,500
Сермерсок Kommuneqarfik Sermersooq Нук   GL-SM 21,232 531,900

Историја

уреди
 
Карта на поранешните окрузи на Гренланд.

Првата поделба на островот била меѓу данските колонии Северен Гренланд со седиште во Кекертарсуак и Јужен Гренланд со седиште во Нук. Ваквата поделба траела до 1940-те кога островот бил обединет и добил централна административна управа.

По доделувањето на статусот на рамноправна сојузна држава во рамките на Кралството Данска, државата била поделена на „поделби“ во 1951 година. Тие биле Источен Гренланд, Западен Гренланд и Северен Гренланд. Североисточниот национален парк бил создаден во 1974 година. По доделувањето на статусот на самостојна управа во 1979 година имињата на општините добиле гренландски имиња: Кита, Туну и Авана. Поделбата Кита имала 15 општини, Туну 2 и Авана 1 општина

Поранешни општини

уреди
Округ Авана

Округот имал 1 општина, општина Канак. Покрај општината, на територијата се наоѓала Воената база Туле и Североисточниот гренландски национален парк.

Округ Туну

На територијата на округот се наоѓале: општина Амасалик, општина Итокортормит и дел од сегашниот национален парк.

Округ Кита

На територијата на округот се наоѓале општините:

Јужен дел:

Средиштен дел:

Северен дел:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Statistics Greenland, Greenland in Figures, 2014
  2. ISO 3166-2:GL (ISO 3166-2 кодови)
  3. „Kommuni pillugu“. Avannaata Kommunia. Архивирано од изворникот на 2021-03-04. Посетено на 2018-08-01.
  4. „Kommuni pillugu“. Kommune Qeqertalik. Архивирано од изворникот на 2021-02-25. Посетено на 2018-08-01.
  5. ISO 3166-2:GL (ISO 3166-2 codes for the subdivision of Greenland)