Кеката
Кеката (гренландски: Qeqqata Kommunia, „центар“) е општина во Гренланд. Општината е основана со територијалната поделба од 1 јануари 2009 година. Името на општината потекнува од местоположбата во рамките на Гренланд.[4] Според податоците од јануари 2013 година, општината има население од 9,620 жители.[3] Седиште на општината е Сисимиут. Општината е составена од поранешната територија Кангерлусуаг, како и општина Манитсок и општина Сисимиут.
Општина Кеката Qeqqata Kommunia | ||
---|---|---|
општина | ||
![]() | ||
| ||
![]() Местоположба на Кеката во Гренланд. | ||
Координати (Кеката): 66°30′N 48°00′W / 66.500° СГШ; 48.000° ЗГДКоординати: 66°30′N 48°00′W / 66.500° СГШ; 48.000° ЗГД | ||
Држава | ![]() | |
Сојузна држава | ![]() | |
Општина | ![]() | |
Основама | 1 јануари 2009 | |
Седиште | Сисимиут | |
Управа[1] | ||
• Градоначалник | Херман Бертхелсен | |
Површина[2] | ||
• Вкупна | 115.500 км2 (44.595 ми2) | |
Население (2013)[3] | ||
• Вкупно | 9.620 | |
• Густина | 0,083/км2 (210/ми2) | |
Часовен појас | UTC-03 | |
Повикувачки бр. | +299 | |
ISO 3166 | GL-QE | |
Мреж. место | qeqqata.gl |
Географија Уреди
На југ и на исток општината се граничи со општината Сермерсок. Населените места се наоѓаат на брегот на општината. На север општината се граничи со општината Касуитсуп. На запад општината излегува на море, поточно Дејвисов проток. Со своите 115,500 km2 (44,594.8 ми) оваа општина е втората најмала во државата според територија.
Населени места Уреди
На територијата на општината се наоѓаат следниве населени места:
- Област Манитсок
- Област Сисимиут
Сообраќај Уреди
Како и што е и со целиот Гренланд, така и во оваа општина нема патна поврзаност меѓу населените места. Во општината има три аеродроми, Аеродром Кангерлусуак (меѓународен аеродром), Аеродром Манитсок и Аеродром Сисимиут. Дргите места се поврзани преку поморски сообраќај.
Наводи Уреди
- ↑ Qeqqata Municipality Архивирано на 6 март 2012 г. Предлошка:Kl icon
- ↑ Statistics Greenland, Greenland in Figures 2010
- ↑ 3,0 3,1 Greenland in Figures 2013 (PDF). Statistics Greenland. ISBN 978-87-986787-7-9. ISSN 1602-5709. Посетено на 2 September 2013.
- ↑ „Qeqqata Kommunia, municipal page“. Архивирано од изворникот на 2020-08-06. Посетено на 2017-01-23.