Аваната (гренландски: Avannaata) е општина во Гренланд. Општината е создадена на 1 јануари 2018 година кога старата општина Касуитсуп била поделена на две нови, од кои едната е Аваната а другата е Кекерталик. Вкупната површина на општината изнесува 522.700 км2 и има население од околу 10.600. Административен центар на општината е градот Илулисат.

Општина Аваната
Avannaata Kommunia
општина
Општина Аваната
Грб на Општина Аваната
Местоположба во Гренланд
Местоположба во Гренланд
Држава Гренланд
Основана1 јануари 2018
Адм. центарИлулисат
Управа
 • ГрадоначалникПале Јеремијасен (Сиумут)
Површина
 • Вкупна522,700 км2 (201,816 ми2)
Население (2017)[1]
 • Вкупно10.651
 • Густина0,02/км2 (5/ми2)
Час. појасUTC-03, UTC-04
Повикувачки број+299
Мреж. местоavannaata.gl

Географија

уреди

Општина Аваната на југ граничи со општината Кекерталик, на југоисток со општината Сермерсок. На исток граничи со Североисточниот гренландски национален парк, а на запад и север излегува на Северноледениот Океан, поточно Бафинов Залив.

Населени места

уреди

Во општината се наоѓаат следните населени места

Јазик

уреди

Како и во целиот Гренланд, така и во Аваната најголем јазик е гренландскиот. Поточно, во Аваната се зборува западногренландскиот дијалект. Во најсеверните делови се зборува инуктунскиот дијалект, поточно околу Канак.

Наводи

уреди
  1. „Kommuni pillugu“. Архивирано од изворникот на 2021-03-04. Посетено на 2018-08-03. Avannaata Kommunia Предлошка:Kl icon

Поврзано

уреди