Сермерсок (гренландски: Kommuneqarfik Sermersooq, „место со многу мраз“) е општина во Гренланд. Општината е основата со територијалната поделба од 1 јануари 2009 година.[2] Седиште на општината е Нук, главниот и најголем град во Гренланд. Со своите 21.868 жители според податоците од 2013 година, таа е најголема општина во државата според население.[3] Општината го опфатила поранешните:[4] општина Амасалик, општина Итокортормит, општина Ивитут, општина Нук и општина Памиут.

Општина Сермерсок
Kommuneqarfik Sermersooq
општина
Општина Сермерсок
Грб на Општина Сермерсок
Местоположба во Гренланд
Местоположба во Гренланд
Координати (Сермерсок): 66°00′N 40°00′W / 66.000° СГШ; 40.000° ЗГД / 66.000; -40.000
Држава Данска
Сојузна држава Гренланд
Општина Сермерсок
Основана1 јануари 2009
СедиштеНук
Управа[1]
 • ГрадоначалникАси Чемниц Наруп
Површина[2]
 • Вкупна531.900 км2 (205,400 ми2)
Население (2013)[3]
 • Вкупно21.868
 • Густина0,041/км2 (0,11/ми2)
Час. појасUTC-03, UTC-01
Повикувачки бр.+299
ISO 3166GL-SM
Мреж. местоsermersooq.gl

Географија

уреди

Општината се наѓа во централниот и источнио дел на државата и има површина од 531,900 km2 (205,367.7 ми).[2] Таа е втората најголема општина во државата и светот,[2] по Касуитсуп. На југ се наоѓа општината Кујалек. На запад се наоѓа Лабрадорското Море. На северозапад се наоѓа општината Кеката. На север од општината се наоѓа Североисточниот гренландски национален парк.

Населени места

уреди

На територијата на општината се наоѓаат следиве населени места:

Сообраќај

уреди

Сермерсок е една од двете општини кои се протегаат на двата брега на Гренланд. Населените места од источниот и западниот брег се поврзани со летови од Аеродромот Нук и Аеродромот Нерлерит Инат.[5] Исто така има и летови од Нук и Аеродромот Памиут на западниот брег. Меѓу населените места нема патна инфраструктура, како што е и во целата држава.

Наводи

уреди
  1. „Sermersooq Municipality: Administration“. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 2017-01-23.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Welcome to Kommuneqarfik Sermersooq“. Sermersooq Municipality, Official Website. Архивирано од изворникот на 2011-02-18. Посетено на 16 July 2010.
  3. 3,0 3,1 Greenland in Figures 2013. Statistics Greenland. ISBN 978-87-986787-7-9. ISSN 1602-5709. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-12-26. Посетено на 2 September 2013.
  4. Sermersooq Municipality Архивирано на 18 ноември 2012 г. (дански)
  5. „Booking system“. Air Greenland. Архивирано од изворникот на 2010-04-22. Посетено на 12 June 2010.

Поврзано

уреди