Северен Гренланд била колонија на Данска до 1950 година. Колонијата го заземала северниот дел на островот Гренланд. Седиште на оваа колонија бил градот Кекертарсуак, тогаш познат како Годхавен.[1] Најјужно населено место на колонијата бил Асијат. Јужниот дел на островот го заземал колонијата Јужен Гренланд и нивната граница одела по напоредникот 68°.[2]

Северен Гренланд
nord Grønland
Колонија на Данска-Норвешка (1728?-1814)
Колонија на Данска (1814-1950)
1728?-1950
Знаме Грб
Знаме на Данска Грб
Местоположба на Северен Гренланд
Местоположба на Северен Гренланд
Северен Гренланд во темнозелено. Јужен Гренланд во светлозелено. Данска во зелено.
Управа Монархија
Монарх
 -  1728-1730 Фредрик IV (прв)
 -  1947-1950 Фредрик IX (последен)
Гувернер/ Кралски инспектори
 -  1782–1786 Јохан Фредрих Швабе (прв)
 -  1945–1950 Карл Фредрик Симони (последен)
Историја
 -  Основана 1728?
 -  Укината 1950
Денес во  Данска

Северен Гренланд бил обединет со Јужен Гренланд во 1950 година,[3] и седиште на новата колонија бил градот Нук, тогаш именуван како Готхоб.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Brewster, David. "Greenland". The Edinburgh Encyclopedia, Vol 10. J. & E. Parker, 1832.
  2. James Bell: A System of Geography. Glasgow 1892 p. 281 CHAP. III-GREENLAND.
  3. Etableringen af Landsrådene <the creation of local councils of Greenland, 1911-2011> Архивирано на 17 ноември 2016 г., cites the laws of 27 May 1850 merging both local councils, with an election in 1951.