Опсада на Тир

(Пренасочено од Опсадата на Тир)
Опсада на Тир
Дел од Походи на Александар Македонски

Опсадата на Тир. Оддел за историја при Воената академија на САД (превел: Бојан Јанкулоски)
Датум 332 п.н.е.
Место Тир, Феникија (денешен Либан)
Исход Македонско-грчка победа
Завојувани страни
Македон
грчки сојузници
тирски граѓани
Персија
Команданти и водачи
Александар Македонски непознат
Жртви и загуби
непознати Околу 30,000 загинати и продадени во ропство

Опсада на Тир — значајна опсада во походите на Александар Македонски во 332 п.н.е. при освојувањето на стратешката база Тир, Феникија. Бидејќи не бил во можност да јуриша на градот, Александар поставил блокада на Тир седум месеци, но Тир издржал. Тој го искористил шутот од напуштениот град на копното за изградба на насип и кога ѕидовите на островот биле во домет почнал да ги бомбардира со опсадна машинерија и конечно го пробил утврдувањето. Александар бил толку лут заради начинот на самоодбраната на Тирците и загубата на неговите војници, што за казна го срушил половина град. 6.000 жители загинале во борбите, 2.000 биле распнати на крст, а останатите жители, околу 30.000 жители биле продадени во ропство.

Писмото од Дариј

уреди

За време на опсадата Александар примил писмо од кралот Дариј III со понуда за примирје. Тој понудил да плати откупнина за неговото семејство и му се заблагодарил на Александар за нивната благосостојба. Дариј исто така понудил да ги отстапи сите негови земји западно од реката Еуфрат и да создаде сојуз и пријателство кое би било во заемен интерес.

Генералот Парменион го посоветувал Александар да ја прифати понудата. Тој му рекол на Александар: Јас би прифатил, да бев Александар. Александар на тоа одговорил: И јас, да бев Парменион!"

Одговорот на Александар

уреди

Како одговор на писмото од Дариј, Александар одговорил: Вашите предци извршија инвазија на Македон и Грција и така ни наштетија без ние први да им наштетиме. Јас сум назначен за главен командант на Грците и преминав во Азија со цел да ги казнам Персијците, бидејќи вие сте агресори. Вие го поддржувавте Перинт, кој му наштети на татко ми, и Ох прати војска во Тракија, која беше под наша власт. Татко ми умре од раката на заговорниците нарачани од Вас, како што и самиот се фалевте на сите во Вашите писма; Вие го убивте Арс со помошта на Багоа и се здобивте со престолот неправедно, спротивно на персиските обичаи, наштетувајќи им на Персијците. Вие им пративте непријателски писма на Грците за мене, за да ги втурнете во војна против мене, и им пративте пари на спартанците и некои други грци - пари кои никој друг освен спартанците не би ги примил. Вашите пратеници ги расипуваа моите пријатели и се трудеа да го уништат мирот кој јас го воспоставив меѓу Грците.

Затоа поведов експедиција против Вас и Вие ја почнавте расправијата. Но сега ги поразив сите Ваши генерали и сатрапи, како и Вас лично и Вашата војска и, по милост божја, јас владеам со земјата. За сите кои се бореа на Ваша страна и не умреа во битка, туку дојдоа кај мене, јас сум лично одговорен; тие не се на моја страна под принуда, туку учествуваат во експедицијата по своја волја. Затоа пријдете ми како на господар на сета Азија. Ако се плашите да не Ви направам нешто ако дојдете лично, пратете некои од Вашите пријатели за да Ве уверам. Дојдете кај мене и побарајте ја Вашата мајка, жена, деца. Ќе ги добиете. Побарајте и било што друго. Што и да успеете да ме убедите да Ви дадам, ќе биде Ваше.

Во иднина кога комуницирате со мене, ословувајте ме како Господар на Азија; не ми пишувајте како на еднаков, туку барајте што Ви треба од господарот на вашиот имот. Доколку не го направите тоа, ќе Ве третирам како грешник. Доколку сакате повторно да станете крал, застанете на нозе и борете се за правото; не бегајте, бидејќи јас ќе Ве гонам кај и да сте.

Наводи

уреди