Опел Агила
Опел Агила (германски: Opel Agila) — градски мал автомобил кој бил произведуван од страна на германската марка на автомобили Опел во периодот од 2000 до 2014 година, како варијанта на „Сузуки Вагон Р+ “ (прва генерација) и „Сузуки Сплеш“ (втора генерација). Се продавал под марката Воксхал во Велика Британија.
Произведувач | Опел (Џенерал Моторс) |
---|---|
Познат и како | Воксхал Агила |
Производство | 2000–2014 |
Наследник | Опел Карл |
Класа | Миниавтомобил (A) |
Првата генерација била класифицирана како градски автомобил, додека втората генерација како минивен, а автомобилот бил заменет во март 2015 година од Опел Карл, кој е познат како Воксхал Вива во Велика Британија.
Историја
уредиАгила А (2000–2007)
уредиПознат и како | Сузуки Вагон R+ Воксхал Агила |
---|---|
Производство | 2000–2007 |
Склопување | Полска: Гливице[1] |
Вид каросерија | 5-врати хечбек |
Мотор | |
Пренос | 5-брзини (рачно) |
Меѓуоскино раст. | 2,360 mм (92.9 ин) |
Должина | 3,535 mм (139.2 ин) |
Ширина | 1,620 mм (63.8 ин) |
Висина | 1,660 mм (65.4 ин) |
Нетоварена тежина | 993 kg (2,189 lb) |
Првата генерација Агила претставува иста верзија како Сузуки Вагон Р+, кој бил произведуван во Јапонија. Опел Агила А се произведувал како бензинец од 1000 и 1200 кубици и дизел со 1300 кубици. Продажбата започнала во август 2000 година.
1,0 моторот бил моторот Z10XE со три цилиндри и 973 кубици. Моторот 1,2 бил Z12XE со четири цилиндри и 1248 кубика. Агила била произведувана во фабриката на Опел во Гливице, Полска, додека Сузуки Вагон Р + во фабриката Маџар Сузуки во Унгарија.
Агила B (2007–2014)
уредиПознат и како | Сузуки Сплеш Воксхал Агила |
---|---|
Производство | 2007–2014 |
Склопување | Унгарија: Естергом (Маџар Сузуки) |
Вид каросерија | 5-врати хечбек |
Мотор | 1.0 L I3 - бензин 1.2 L I4 - бензин 1.3 L I4 - дизел) |
Пренос | 5-брзини (рачно) 6-брзини (автоматско) |
Меѓуоскино раст. | 2,360 mм (92.9 ин) |
Должина | 3,740 mм (147.2 ин) |
Ширина | 1,680 mм (66.1 ин) |
Висина | 1,590 mм (62.6 ин) |
Сродни | Suzuki Swift |
Втората генерација Агила била официјално претставена на 15 мај 2007 година и била претставена на Саемот за автомобили во Франкфурт во 2007 година.[2]. Сузуки ја продавал оваа генерација под името Сплеш.
Автомобилот бил 200 мм (7,9 инчи) подолг од неговиот претходник - сличен на оние како Цитроен Ц3 Пикасо, Тојота Јарис, Хонда Џез и Нисан Микра. Како поголем во големина од претходната генерација бил класифициран како мини МПВ. Продажбата започнала во април 2008 година.
Бензинските мотори биле со три цилиндри и 1000 кубици, 65 КС (48 kW; 64 КС) и четири цилиндри со 1200 кубици и 86 КС (63 kW; 85 КС), а дизел верзијата била со четири цилиндри и 1300 кубици со CDTI од 75 КС (55 kW; 74 КС).
Европското производство на „Опел Агила“ и „Сузуки Сплеш“ било во фабриката „Маџар Сузуки“ во Унгарија[3]. Автомобилот бил заменет во март 2015 година од „Опел Карл“, познат како „Опел Вива“ во Велика Британија.
Мотори
уредиСите мотори ја содржат технологијата „Екотек“.
Бензин | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Модел | Мотор | Зафатнина | Сила | Вртежи | Забелешка | CO2 (g/km) | ||
1.0 ecoFLEX | I3 | 973 cc | 65 PS (48 kW; 64 hp) at 6,000 rpm | 90 N•m (66 lb•ft) at 4,800 rpm | 120 (2008–10)
119 (2010-) | |||
1.2 VVT | I4 | 1199 cc | 86 PS (63 kW; 85 hp) at 5,500 rpm | 114 N•m (84 lb•ft) at 4,400 rpm | 131 (2008–10)
119 (2010-) | |||
Дизел | ||||||||
Модел | Мотор | Зафатнина | Сила | Вртежи | Забелешка | CO2 (g/km) | ||
1.3 CDTI | I4 | 1248 cc | 70 PS (51 kW; 69 hp) at 4,000 rpm | 170 N•m (130 lb•ft) at 1,750 rpm | (2008–10) | 120 |
Наводи
уреди- ↑ „Opel. Opel In Poland“. Car-cat.com. Архивирано од изворникот на 20 March 2012. Посетено на 19 July 2010.
- ↑ „BROKEN LINK The New Vauxhall Agila – Flex in the city!“. Vauxhall. Архивирано од изворникот на 2011-10-20. Посетено на 1 February 2012.
- ↑ „Suzuki Splash, the shortened Swift MPV“. Autopress News. 10 July 2007. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 10 August 2013.