Омилена (ТВ Серија)
Омилена (португалски: A Favorita) е драматична бразилска теленовела. Серијата во Бразил започна со прикажување на 2 јуни 2008 на местото на новелата Двојно лице. Успехот веќе се бележеше после првото прикажување, а доброто сценарио, терминот на прикажување и мега популарната глумска постава не е возможно серијата да не биде со добар рејтинг. Писател на сценариото е Жоао Емануел Карнеиро.
Омилена | |
---|---|
![]() Маријана Ксименез, во улогата на Лара. | |
Жанр | драма теленовела |
Создадена од | Жоао Емануел Карнеиро |
Улоги | Патрисија Пилар Клаудија Раиа Мурило Беницио Маријана Шименез |
Воведна тема | Tango embalado pelo, grupo mexicano Bajofondo |
Земја на потекло | Бразил |
Првичен јазик | португалски |
Бр. на епизоди | 197 (бразилско население) |
Производство | |
Времетраење | 45 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Глобо |
Првично прикажување | 2 јуни 2008 – 16 јануари 2009 |
Хронологија | |
Следбеник | Патот на Индијките (2009) |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | afavorita.globo.com |
Синопсис
уредиДонатела и Флора, две пријателки што се претвораат во ривалки. Една од нив извршила злосторство и лаже во врска со тоа. Две верзии на иста приказна. Која ја кажува вистината? Донатела или Флора?
Донатела и Флора се пораснати заедно. Донатела ги изгубила родителите во несреќа и била посвоена од скромното семејство на Флора. Како деца, биле најдобри пријателки сè додека ги запознаваат Марсело и Доди, на кои ќе им станат девојки. Донатела се венчава со Марсело, син на моќниот Гонсало Фонтити, сопственик на индустрија за хартија и целулоза, додека Флора се венчава со Доди, човек кој се изборил од дното и кој работи во фирмата на таткото на негов пријател.
Среќата на Донатела и Марсело трае кратко. Првото дете им е киднапирано по шест месеци од раѓање и никогаш повторно не се појавува. Оттогаш, почнуваат често да се караат. Флора се разведува од Доди и има врска со Марсело. Таа останува бремена и раѓа девојче, Лара, што ја раскинува уште повеќе врската меѓу двете пријателки.
Марсело е убиен со три куршуми од пиштол кој подоцна се открива дека го држела Флора. Таа е затворена и разделена од ќерка си Лара, на тогашна возраст од три години. Флора е осудена на 18 години затвор како казна за злосторството. Донатела не ѝ простува на својата пријателка и ја одгледува Лара.
Осумнаесет години подоцна, Флора излегува од затвор и сака да ја докаже својата невиност обвинувајќи ја поранешната ѝ пријателка за злосторството. Донатела, пак, се плаши Флора да не ѝ се доближува на Лара, на која ѝ вели дека ја сака како да ѝ е вистинска ќерка. Но, Лара се интересира за караницата меѓу двете жени кои некогаш биле пријателки. Додека животната цел на Флора е да ѝ се доближи на ќерка си, Донатела ќе прави сè што може за да го спречи тоа.
Улоги
уредиГлумци | Ликови |
---|---|
Патрисија Пилар | Флора |
Клаудија Раиа | Донатела |
Маријана Шименез | Лара |
Мурило Беницио | Доди Фонтана |
Мауро Мендонса | Гонсало Фонтини |
Глорија Менезес | Ирене |
Тарцисио Меира | Копола |
Кармо Дала Вечиа | Зе Боб |
Занимливости
уреди- На почетокот на реализацијата, серијата имаше име под наслов Карма, па за вторпат да го замени како Последна пресуда и на крајот заради разни проблеми, Глобо одлучи серијата да го има името Омилена.
- Негативката во серијата Флора, ќе биде откриена два месеца пред крајот на новелата.
- Ликот на Таис Араухо, која глумеше главна улога во претходната новела на Жоао Емануел Карнеиро, “Бојата на гревот” призна дека нејзиниот лик бил инспириран од топ моделот Наоми Кембел.
- За првпат на ТВ екраните од оваа серија дебитираа глумците Жан Пјер Ноер, Тиаре Маиа, Кларис Фалкао, Хана Романаци, Ренан Мајер и Едуардо Мело.
- Главниот машки лик воедно и негативец најпрвен беше најавено дека ќе го глуми Фабио Асункао. Но глумецот беше заменет со Мурило Беницио.
- Меѓу глумците кои мораа да го променат изгледот заради серијата беа: Дебора Секо, Маријана Ксименез, Таис Араухо, Грациела Шмит, Кристин Фернандес, Иран Малфитано, Мурило Беницио, Жулиана Паес и Клаудија Раиа.
- Од сите три новели кои ги напиша Жоао Емануел Карнеиро, Таис Араухо во сите има некоја важна улога. Во серијата “Змии и гуштери” глумеше негативен лик, додека во серијата “Бојата на гревот” беше главната женска глумица.
- Жулиана Паес ја напушти глумечката екипа поради главната улога која ја има во новата бразилска новела од 9 “Патиштата на Индија” на Глорија Перес. Жулиана Паес во оваа серија беше убиена на епизодата која се емитуваше на 21 август 2008 од страна на ликот Флора.
- Премиерата на серијата во Португалија, беше на 23 јуни 2008 во 21:25, но сега е преместена во терминот од 23:45.
- Ова е петта новела во која Дебора Секо и Жулиана Паес глумат заедно. Претходните новели беа “Семејни интриги”, “Светот на славните”, “Америка” и хумористичната “Дај ми јака”.
- Флора досега има убиено тројца ликови, мажот на Донатела и таткото на нејзината ќерка, Лара, Марсело Фонтини. Д-р Салватор, докторот на Донатела, кој ја знаеше цела вистина и Маира, новинарка, пријател на Џо Боб која исто така ја откри целата вистина.
- Приказната е класифицирана за гледачите над 12 години.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 17 јуни 2008 г.
- Теледраматургија Архивирано на 28 мај 2008 г.