Светот на славните

Светот на славните (португалски: Celebridade) е романтична бразилска теленовела. Серијата е снимена во Бразил во текот на 2003 година, со 221 епизоди за бразилско население, и 180 за национален пазар. Првата епизода од оваа серија успеа да зафати рејтинг од 50% а последната епизода од 65%.

Светот на славните
Жанрдрама, теленовела
Создадена одГилберто Брага
УлогиМалу Мадер
Клаудија Абреу
Фабио Асункао
Маркос Палмеира
Воведна темаLove´s theme - The Love Unlimited Orchestra
Земја на потеклоБразил
Првичен јазикпортугалски
Бр. на епизоди180
Продукција
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаГлобо
Првично прикажување13 октомври 2003 – 26 јуни 2004
Хронологија
СледбеникГоспоѓа на судбината (2004–2005)
Надворешни врски
Мрежна страницаredeglobo.globo.com/Celebridade/0,19125,3000,00.html

СинопсисУреди

1988, убавината на младата Марија Клара Диниз го инспирирана нејзиниот драг, композитор Ванер Лопес да компонира песна за неа. “Musa do Verao” која станала вистински хит, не само во Бразил, туку и во целиот свет, добивајќи и интернацинален препев “Summer Spell”. Марија Клара тогаш станува ексклузивен модел на марката Summer Spell со големиот успех во музиката. Со својот препознатлив имиџ во весниците, тв рекламите и магазините, станала славна преку ноќ. Но на денот на венчавката на Ванер и Марија Клара се случува трагедија. Убалдо Кинтел, познат боемски пејач, напаѓа на свадбата и бара од Ванер јавно да признае дека ја украл неговата песна. Налуте, тврди дека песмата која ја претворила Марија Клара во ѕвезда е негова. Убалдо му се заканува на Ванер со огнено оружје, и пука во него, по што Ванер умира на самото место. Страшна трагедија, наместо да ја уништи кариерата на Марија, тоа го означило почетокот на метеорскиот успех на Марија Клара, но не како модел, туку како милионер. Ја открлила својата сензибилност при наоѓањето нови ѕвезди, препознавањето на таленти, осовено во музиката и основала агенција за ѕвезди и производство на шоу програми. Во многу краток период, станала угледа и почитувана жена но без да напушта привилегии кои и ги носеше марката Summer Spell. Надзорник на шоута кои ги производи Марија Клара е бизнисменот Линеу Васконцелос со кој таа одржува топол родителски однос, како татко и ќерка. Линеу е наследнил на “Grupo Vasconcelos”, медиумско царство со бројни фирми, весници, магазини, телевизиски и радио куќи. Еден од најбараните магазини на оваа група е Fama, кој управува маж со висок тален – злобниот Ренато Мендес, внукот на Линеу кој нон стоп се кара со Марија Клара. Линеу е запрепастен од враќањето на својата ќерка единица Беатриз во Бразил, која се вратила со својот маж Фернандо Аморим, познат кинематограф. Тоа враќање ќе ги пробуди духовите од минатото и уште повеќе ќе го ослаби бракот – бидејќи тоа сепак е претежок однос за Фернандо и болната страст за Беатриз. И ништо не ќе може да го спаси тој брак кога се запознаваат Фернандо и Марија Клара, што предизвикува очај кај Беатриз, нестабилна жена, која во својот маж гледа само една причина за живот. Беатриз ќе се бори со своите сили против љубовта на Фернандо и Марија Клара. Но, таа жена нема да биде една препрека во животот на Марија Клара. Нејзиниот јавен имиџ предизвикува контроверзни очаи. Некои луѓе гледаат здрави примери во своите славни идоли, додека некои луѓе се болно опседнати со нив. Марија Клара е паридигма, мит за Лаура Пруденте де Коста која со сите сили сака да се вработи во компанијата на Марија Клара. За да ја постигне својата цел, Лаура е спремна да трне и по највалканиот пат и да се жртвува за било што. Во соработка со својот љубовник Маркос, Лаура добива страшно зло како би се вработила во фирмата и да го постигне успехот за кој толку копнее. Употребувајќи лаги и лицемерство, ја зема интимноста на Марија Клара. Многу наскоро Лаура ќе се погрижи за организирањето на многу интриги, криењето на сто важни тајни. Користејќи го својот ладен и злобен карактер и својата способност за злова, Лаура ќе тргне во борба, сакајќи да ја симне Марија Клара од тронот и да ја преземе нејзината положба во шоу бизнисот.

УлогиУреди

Глумци Ликови
Малу Мадер Марија Клара Мело Диниз
Клаудија Абреу Лаура Пруденте де Коста
Фабио Асункао Ренато Мендес
Маркос Палмеира Фернандо Аморим
Дебора Евелин Беатриз Васконцелос Аморим
Марсио Гарсија Маркос Рангел

Интернационално издание на музика од серијатаУреди

Интернационално изданиеУреди

  1. Just the way you are - Diana Krall
  2. You'll never find another love like mine - Michael Bublé
  3. I heard it through the grapevine - Michael McDonald
  4. Bigger than my body - John Mayer
  5. You make me feel brand new - Simply Red
  6. Offer - Alanis Morissette
  7. Sympathy for the devil - Rolling Band
  8. The closer I get to you - Luther Vandross & Beyoncé Knowles
  9. Superwoman - Happening & Fábio Almeida
  10. Ruby - Ray Charles
  11. Como han pasado los años - Julio Iglesias
  12. Bring it on - T.J.
  13. Regalame la silla donde te espere - Alejandro Sanz
  14. Non mi innamoro piú (I´ll Never fall in Love Again) - Ornella Vanoni
  15. All I really want is love -Henri Salvador
  16. Absolute Lee - Ithamara Koorax
  17. Born to Try - Delta Goodrem
  18. Love´s theme - The Love Unlimited Orchestra)
  19. Diavolo in me - Tedd Rusticini

Светот на славните на БалканотУреди

Бугарија: ЕК
Хрватска: ХРТ1

Надворешни врскиУреди