Семејни интриги
Семејни интриги (португалски: Laços de Família) е бразилска теленовела на писателот Маноел Карлос снимена во 2000/2001 година.
Семејни интриги | |
---|---|
Жанр | драма |
Создадена од | Маноел Карлос |
Напишана од | Маноел Карлос |
Режирана од | Рикардо Вадингтон |
Улоги | Вера Фишер Тони Рамос Каролина Дикман Рејналдо Џанекини Жозе Мајер Џована Антонели Дебора Секо |
Воведна тема | Corcovado |
Земја на потекло | Бразил |
Првичен јазик | португалски |
Бр. на епизоди | 209 (национална) 150 (интернационална) |
Производство | |
Времетраење | 45 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Глобо |
Сликов формат | SDTV |
Првично прикажување | 5 јуни 2000 – 3 февруари 2001 |
Хронологија | |
Претходник | Нова земја |
Следбеник | Пристаниште на чудата |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | lacosdefamilia.globo.com |
Во Македонија беше прикажувана на А1 телевизија.
Синопсис
уредиПо една сообраќајна несреќа, која за среќа поминува без последици, се запознаваат Елена и Еду. И покрај разликата во години меѓу нив, тие почнуваат љубовна врска, која не ја одобрува семејството на Едуардо.
За Еду е заинтересирана и ќерката на Елена, Камила, што доведува до конфликт меѓу нив две. Поради ова Елена ја прекинува врската.
На полусестрата на Елена, Ирис, не ѝ се допаѓа тоа што Камила го презела Еду од Елена. Таа е заљубена во Педро, човекот кој се грижи за ранчот на Елена.
Елена и Педро имале тајна љубовна врска кога биле млади, во време кога Елена била мажена за друг човек. Педро не знае дека тој е всушност таткото на Камила, а сѐ уште е тајно вљубен во Елена.
По раскинувањето на врската со Еду, Елена стапува во врска со Мигел. Но, дознава дека нејзината ќерка е болна од леукемија и дека може да ја спаси само пресадување на коскена срж од компатибилен дарител.
Поради ова таа му открива на Педро дека тој е таткото на Камила и решаваат да имаат уште едно дете со цел тоа да биде дарител за Камила.
Занимливости
уреди- Маноел Карлос ја добил идејата за серијата откако во весник прочитал за некој случај во САД во 1990, каде мајката забременила по вторпат за да ја спаси ќерка си болна од леукемија.
- Оваа новела ја покрена дискусијата меѓу народот за донациите на коскена срж. Од ноември 2000 (кога темата била прикажана во серијата) до јануари 2001, бил регистриран пораст од 4.400% на волонтери за донирање коскена срж, т.е. од 20 волонтери месечно на 900.
- Оваа новела беше најгледана во 2000 година во Бразил. Епизодата во која на Камила (Каролина Дикман) ѝ ја избричија главата поради болеста, 79% од вклучените телевизори биле пуштени на тој канал.
- Книгите кои беа спомнати во книжарата на Мигел (Тони Рамос) подоцна беа за 30% повеќе продавани.
- Најголемото откритие во новелата беше глумицата Џована Антонели, која ја играше улогата на Капиту, самохрана мајка која живее кај родителите и е приморана да се проституира за да заработи. Маноел Карлос направил истражување на оваа тема и открил дека повеќето од овие жени, т.н. „семејни проститутки“, биле запишани на факултет, а 90% од нив биле самохрани мајки.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 14 јули 2014 г.
- Информации за серијата Архивирано на 23 септември 2008 г. (португалски)