Олимписки симболи
Олимписки симболи — симболи кои ги користи Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за означување на почетокот на Олимписките игри. Некои симболи, како што се пламенот, фанфарите и темата, се почесто се користат во текот на олимписките натпревари, додека други, како што е олимпиското знаме, може да се забележат низ текот на годините.
Мото
уредиОлимпиското мото е моќната изрека Citius, Altius, Fortius, која доаѓа од латинскиот јазик и значи „Побрзо, повисоко, посилно“.[1] Ова мото го предложил Пјер де Кубертен по создавањето на Меѓународниот олимписки комитет во 1894. Кубертен го позајми од својот пријател Анри Дидон, доменикански свештеник и атлетски ентузијаст.[2] Кубертен рече: „Овие три збора претставуваат програма на моралната убавина. Естетиката на спортот е нематеријална.“ Мотото беше презентирано во 1924 година на Олимписките игри во Париз.[3] Повеќе неформално, но добро познато мото е „Не е битно кој победува, битно е да се учествува“, кое исто така, го предложи Кубертен. Идејата за ова мото тој ја добил за време на проповедта од Епископот на Пенсилванија во 1908 г. на Олимписките игри во Лондон.[4]
Прстените
уредиПетте прстени се испреплетени еден во друг, обоени во сина, жолта, црна, зелена и црвена боја на бела позадина, кои се познати како "Олимписки прстени". Симболот го дизајнирал Барон Пјер де Курбертен, соосновач на модерните Олимписки игри во 1912. Најверојатно, неговата замисла била прстените да ги претставуваат петте континенти кои учествуваат во Игрите: Африка, Азија, Америка, Океанија и Европа. Според Курбертен, боите на прстени, заедно со белата позадина ги вклучуваат сите бои од знамињата на сите нации кои учествувале во Игрите во тоа време. По претставувањето на симболот, Курбертен ја даде следнава изјави во Olympique во август 1912:
...шесте бои (вклучувајќи ја белата позадина на знамето) споени на овој начин ја претставуваат бојата на секоја земја без исклучок. Сината и жолтата на Шведска, белата и сината на Грција, тробојните знамиња на Франција, Англија, Германија, САД, Белгија, Италија и Унгарија, и жолтото и црвеното на Шпанија, како и иновативните знамиња на Бразил и Австралија и оние на древните Јапонија и современата Кина. Ова, навистина, е меѓународен симбол.
Американскиот историчар Роберт Барни во неговата статија објавена во официјалното списание, Олимписка ревија, на Меѓународниот Олимписки Комитет во ноември 1992 година, објаснува дека идејата за испреплетените прстени е произлезена од Пјер де Курбертен, кога Курбертен беше на чело на USFSA, здружение основано од сојузот на две француски спортски здруженија и сè до 1925 година, бил одговорен за застапување на Меѓународниот Олимписки Комитет во Франција: амблемот на унијата се два испреплетени прстени (како пресек од два прстена, слично како венчални прстени) и првично идејата од швајцарскиот психијатар Карл Јунг: за кого, прстен го симболизира континуитет и човечкото битие.[5]
Во 1914 Конгресот беше суспендиран поради избувнувањето на Првата светска војна, но, симболот и знамето подоцна беа усвоени. Тие го добија своето прво официјално деби на Летните олимписки игри во 1920 година кои се одржаа во Антверпен, Белгија.[6]
Популарноста на симболот и неговата широка употреба почна за време на Летните олимписки игри во 1936 во Берлин. Карл Дием, претседател на Организацискиот Одбор на Летната Олимпијада од 1936, сакал свечената церемонија каде се носат факелите да се одржи на стадионот во Делфи, местото на познатиот оракул, каде се одржувале Питиските игри. Поради ова, тој наредил да се изрезбарат Олимписки прстени во камен, а факелот да го донесат тројца придружници од таму до Берлин. Церемонијата се одржа, но канменот остана. Подоцна, двајца американски автори, Лин и Греј Пул, кога го посетиле Делфи во доцните 50-ти години, го виделе каменот и во нивната Историја на античките игри напишале дека дизајнот за Олимписките прстени потекнува од Стара Грција. Ова стана познато како "Каменот на Карл Дием". Оваа случка создаде мит дека симболот има старо-грчко потекло.
Моменталниот приказ од страна на Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК) е дека овој симболот стои зад фактот дека Олимпиското движење е интернационално и им посакува добредојде на сите земји кои сакаат да се приклучат.[7] Ова може да се прочита во Оимписката повелба, поточно Олимпискиот симбол претставува унија на "петте континенти" на светот и е собир на спортисти од целиот свет на Олимписките игри. Сепак, ниту еден континент не е претставен со определена боја на прстените. Пред 1951 година, во официјалниот прирачник стоеше изјавата дека секоја боја кореспондираат со одреден континент: сина за Европа, жолто за Азија, црна за Африка, зелена за Австралија и Океанија и црвена за Америка; ова подоцна беше отстрането, бидејќи нема докази дека Курбертен ја имал оваа замисла (цитат погоре е додаден подоцна).[8] Сепак, Здружението на националните олимписки комитети го става логото на секоја членка во соодветниот пртенот.
Знаме
уредиОлимпиското знаме е создадено од Пјер де Курбертен во 1914.
Одредени знамиња
уредиПостојат одредени Олимписки знамиња, кои се покажани од градовите кои ќе бидат домаќини на следните Олимписки игри. Во текот на секоја церемонија за затворање на Олимписките игри, традиционално позната како Антверпен церемонија,[9] знамето го носи градоначалникот на еден градот-домаќин и го предава на следниот домаќин, и откако ќе го преземат знамето тоа се изложува во градското собрание. Овие знамиња не треба да се помешаат со посебните Олимписки знамиња кои се дизајнирани и создаденаи специјално за секои игри, кои се вејат во стадионот на домаќинот, за потоа да заминат во историјата. Бидејќи не постои одредено знаме за оваа цел, знамињата кои се вејат на стадионите, генерално, имаат суптилни разлики, вклучувајќи ситни варијации на боите, и, повеќе значително, присуство (или отсуство) на бели контури околу секој прстен.
Знамето на Антверпен
уредиПрвото Олимписко знаме беше претставено пред МОК за време на Летната олимпијада во 1920 во Антверпен, Белгија. На крајот на игрите, знамето исчезна, па мораше да се направи ново знаме за следните игри во Париз. И покрај тоашто се направи ново знаме, МОК официјално сè уште го нарекува ова "Знамето на Антверпен", наместо на "Знамето на Париз".[10] Тоа знаме се предаваше на градот домаќин и на Летните и Зимските олимписки игри сè до Зимските олимписки игри во 1952 во Осло, Норвешка, кога се создаде посебно Олимписко знаме кое ќе се користи само за Зимските олимписки игри (види подолу). Знамето од 1924 година се користеше за секоја Летна олимпијада сè до Летните олимписки игри во 1988 во Сеул, кога замина во историјата.
Во 1997 година, на едне банкет организиран од американскиот Олимписки комитет, новинарот го интервјуираше Хал Хег Прист, кој го освои бронзениот медал во дисциплината скокови во вода како член на американскиот олимписки тим од 1920 г. Новинарот потсетува дека МОК не дознал што се случило со оригиналното Олимписко знаме. "Можам да ви помогнам со тоа," Прист рече, "Тоа е во мојот куфер." На крајот на Олимпијада во Антверпен, неговиот соиграч, Дјук Каханамоку се искачи на јарболот и го украде Олимпиското знаме. Цели 77 години знамето се чуваше во куферот. Знамето го врати Прист на свои 103 години, за време на посебната церемонија што се одржа на Олимписките игри во Сиднеј во 2000.
Знамето на Осло
уредиЗнамето на Осло знаме беше претставен пред МОК од градоначалникот на Осло, Норвешка, во текот на Зимските олимписки игри во 1952. Од тогаш, ова знаме се пренесува на следниот град-домаќин на Зимските олимписки Игри. Во моментов, актуелното знаме на Осло се чува во посебна кутија, а негова реплика се користи во текот на последниве завршни церемонии.
Знамето на Сеул
уредиКако наследник на знамето на Антверпен, знамето на Сеул знаме беше претставен пред МОК на Летната олимпијада во 1988 во град Сеул, Јужна Кореја, и од тогаш се пренесува на следниот град-домаќин на Летната олимпијада. Знамето на Сеул во моментов е изложена во Владината зграда во Токио.
Знамето на Рио де Жанеиро
Наследничкото знаме на Сеул, знамето на Рио беше претставено пред МОК на Летните олимписки игри во 2016 год. во Рио де Жанеиро, Бразил, и оттогаш се предава на следниот град-домаќин на Летните олимписки игри во Токио.
Знамето на Сингапур
Ново олимписко знаме се создаде во чест на јуниорите на Олимписките игри. Ова знаме е слично на олимпиското, но, на него го има градот-домаќин и годината, а за првпат го претстави претседателот на МОК, Жак Рог на отворањето на орвите Младински олимписки игри. За време на затворањето на 26 август 2010 г., предатвниците на Сингапур го предадоа знамето на следниот комитет во Нанџиг, 2014 г.
Знамето на Инсбрук
Ново знаме се создаде во чест на новите Зимски младински олимписки игри, кое беше презентирано пред МОК во Инсбрук, Австрија во 2012 г.
Наводи
уреди- ↑ „What is the Olympic motto?“. International Olympic Committee. 2013. Архивирано од изворникот на 18 September 2015. Посетено на 19 October 2014.
- ↑ „Opening Ceremony“ (pdf). International Olympic Committee. 2002. стр. 3. Посетено на 23 August 2012.
- ↑ Games of the VIII Olympiad - Paris 1924 Архивирано на 3 март 2007 г.
- ↑ „The Olympic Summer Games“ (PDF). International Olympic Committee. октомври 2013. Архивирано од изворникот (PDF) на 6 септември 2015. Посетено на 29 декември 2015.
- ↑ Robert Knight Barney (November 1992). „This Great Symbol“ (PDF). Olympic Review (301). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-05. Посетено на 29 December 2015.
- ↑ Findling, John E.; Pele, Kimberly D., уред. (30 March 2004). Encyclopedia of the Modern Olympic Movement. Greenwood Press. стр. 65, 75. ISBN 978-0313322785. Посетено на 29 December 2015.
- ↑ „The Olympic symbols“ (PDF). IOC. 2002. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 March 2007. Посетено на 18 March 2007. [Broken link]
- ↑ „Decision adopted by the Executive Committee“ (PDF). Bulletin du Comité International Olympique (Olympic Review). Lausanne: IOC (25): 32. January 1951. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-07-15. Посетено на 2018-02-20.
- ↑ „Olympic Charter“ (PDF). The International Olympic Committee. 2 August 2015. Посетено на 29 December 2015.
- ↑ „Vancouver 2010: The Olympic Flags the Closing Ceremony of the Los Angeles 1984 Olympic Games, the flag was passed on to the next Olympic Games city, Seoul, and then retired. [emphasis added]“. Архивирано од изворникот на 2010-02-28. Посетено на 1 March 2010.