Знаме на Република Кореја
Знамето на Јужна Кореја, или Тегокги е националното знаме на Јужна Кореја и е засновано на кинескиот јин и јанг симбол и има три делови: бела позадина, црвен и син диск со јин и јанг симбол и четири црни триграми во секој агол.
Назив | Taegeukgi |
---|---|
Употреба | државно, пловно и управно пловно знаме |
Сразмер | 2:3 |
Усвоено | 6 март 1883 |
Опис | Бело знаме со црни црти и диск во црвена и сина боја. |
Црвите триграми потекнуваат од стара кинеска книга и ги претставуваат четирите идеи на кинеската филозофија за универзумот: хармонија, баланс, циркулација и симетрија. Боите потекнуваат од традиционалните корејски бои, црвена, сина и жолта, бои кои Корејците ги користеле низ историјата. Белата боја претставува чистота на народот. Синиот дел од дискот го претставува лошото, додека црвениот дел доброто. Заедно со триграфите и нивното значење знамето претставува движење кон вечноста.
Тригарми
уредиЗначењето на триграмите се:
корејски | Природа | Сезона | Ориентација | Четирите идеи | Семејство | Четирите елементи | Значење | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
geon (건 / 乾) | небо (천 / 天) | пролет (춘 / 春) | исток (동 / 東) | човештво (인 / 仁) | татко (부 / 父) | небо (금 / 金) | правда(정의) | |
ri (리 / 離) | сонце (일 / 日) | есен (추 / 秋) | југ (남 / 南) | правилно однесување (예 / 禮) | син (중남 / 子) | оган (화 / 火) | мудрост (지혜) | |
gam (감 / 坎) | месечина (월 / 月) | зима (동 / 冬) | север (북 / 北) | знаење (지 / 智) | ќерка (중녀 / 女) | вода (수 / 水) | виталност (생명력) | |
gon (곤 / 坤) | земја(지 / 地) | лето (하 / 夏) | запад (서 / 西) | правичност (의 / 義) | мајка (모 / 母) | земја (토 / 土) | плодност (풍요) |
Традиционално четирите триграми се поврзуваат со петте елементи: оган, вода, земја, дрво и метал.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Специфичности на боите. Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Историја на знамето Архивирано на 27 јануари 2010 г.