Лабин и Дојрана (балет)
„Лабин и Дојрана“ — балет на македонскиот композитор Трајко Прокопиев. Премиерно бил изведен на 11 јуни 1958 г. во Македонскиот народен театар во Скопје. Делото, поставено од Александар Доброхотов, на сцената промовира еден од најзначајните македонски кореографи, Олга Милосавлева, која во овој балет е поставена за асистент-кореограф.[1]
Лабин и Дојранa | |
---|---|
Сцена од балетот Лабин и Дојрана од композиторот Трајко Прокопиев | |
Кореограф | Олга Милосавлева |
Композитор | Трајко Прокопиев |
Врз основа на | Легендата за Дојранското Езеро |
Датум на премиера | 11јуни 1958 |
Место на премиера | МНТ, Скопје |
Поставена | Дојран, Македонија |
Опис
уредиГлавни ликови во балетот се Лабин, Огнен, Дојрана и нејзините сестри самовили.
Лабин е младо момче кое свири на кавал на брегот на Дојранското Езеро. Со него е неговиот другар Огнен. Примамени од волшебниот звук на кавалот, од езерото излегуваат три сестри, самовили. Кога Лабин ги здогледал се воодушевил од нивната убавина. Знаејќи дека волшебната моќ на самовилите се крие во нивните наметки, тој им ги зема. Кога самовилите почнуваат да ги бараат, се среќаваат со Лабин. Во тој миг, меѓу Лабин и Дојрана, една од сестрите самовили, се раѓа взаемна љубов. Лабин им ги враќа наметките, но ја задржува наметката на Дојрана. Таа останува да живее со него. Времето поминува. Огнен, другарот на Лабин, се подготвува за својата свадба. На свадбата се поканети и неговите пријатели Лабин и Дојрана. Сите ја молат Дојрана да го заигра самовилскиот танц. Лабин и ја подава наметката. Дојрана започнува со својата игра, и се враќа волшебната моќ и таа исчезнува. Сите се вчудовидени.
Поврзано
уредиСнимка
уредиПроблеми со пуштањето? Помош. |
Наводи
уреди- ↑ „МОБ - Балет“. Институт за театрологија на Македонија. Архивирано од изворникот на 2016-03-08. Посетено на 2013-03-20.