Олга Бознанска
Олга Бознањска (родена на 15 април 1865 година во Краков, починала на 26 октомври 1940 година во Париз ) - полска сликарка, портретистка, претставник на модернизмот. Од 1898 година живеела во Париз, била член на Минхенската школа, Друштвото на полски уметници „Штука“ (Уметност) од 1898 и Националното друштво за ликовни уметности од1901.
Биографија
уредиТаа била ќерка на инженерот Адам Бознањски и Французинката Еугенија де Мондаин [1]. Таткото на Бознањска дипломирал на Виенскиот технички универзитет, а нејзината мајка се интересирала за уметност и самата цртала [1]. Олга имала сестра, Изабела Антонина Евелина.
Олга својата авантура со цртање ја започнала на шестгодишна возраст[2], а нејзините први лекции по цртање ги држела нејзината мајка[3]. Студирала сликарство кај Антони Адам Пјотровски, Кажимиеж Почвалски, а потоа и на Курсевите за сликање Адријан Барањецки. Во 1886 година заминала на студиите во Минхен. Како жена, не ѝ било дозволено да влезе во Академијата за ликовни уметности, па се школувала во приватните минхенски училишта на Карл Крихелдорф и Вилхелм Дир. Во 1892 година нејзината мајка починала.
Во 1896 година таа се откажала од наставата и изнајмила свое студио. Истата година, за прв пат изложила своја слика во Париз[4]. Во тој период започнала да изложува свои дела и во Минхен, Варшава, Берлин и Виена. Две години подоцна се појавиле и првите успеси. За Портрет на сликарот Павел Науен, таа добила златен медал од војводата Чарлс Лудвиг во Виена, а во Лондон добила почесно признание за Портрет на госпоѓица Мери Бреме. Во 1896 година, жирито на париското Национално друштво за ликовни уметности ја прифатило нејзината слика за изложба. По овие успеси, таа добила понуда да ја преземе катедрата за сликарство на женскиот факултет во Краковската школа за ликовни уметности, која ја одбила.
Во 1898 година се преселила во Париз каде веднаш станала член на Друштвото на полски уметници „Штука“(Уметност). Истата година ја организирала својата прва индивидуална изложба[5]. Во 1900 година, на изложбата во Новата галерија во Лондон, добила златен медал, а била и одликувана на Светската изложба во Париз. Истата година прекина и нејзината долгогодишна врска со сликарот Јозеф Чајковски. Во 1901 година за прв пат имала изложба во Питсбург. Француската влада за националната уметничка колекција ги купила нејзината дела Бретонка и Портрет на госпоѓица Дигат. Станала и членка на париското Националното друштво за убави уметности, подоцна предавала на Академијата на Гранде Шаумиер.
Во 1906 година починал нејзиниот татко. Една година подоцна, Институтот Карнеги во Питсбург и доделил сребрен медал. Во 1912 година, заедно со Клод Моне и Пјер Огист Реноар, на изложбата во Питсбург ја застапувале Франција. На меѓународната изложба во Амстердам, освоила сребрен медал . Во 1914 година, Варшавското училиште за ликовни уметности и понудило професорско место. Во 1923 година, таа повторно ја застапувала Француската школа во Питсбург помеѓу уметници како Пјер Бонард и Морис Дени.
Нејзината слава полека опаѓала. Имала сè помалку нарачки за портрети, а нејзиниот главен извор на приход била киријата од куќа во Краков. За последен пат во Краков била во 1932 година. Во 1934 година ја добила наградата за ликовната уметност на главниот град Варшава[6]. Во 1937 година, на Светската изложба во Париз, таа го доби Гран при. На Венециското биенале во 1938 година, таа продала пет слики, вклучувајќи го и Портретот на г-ѓа Дигатова, кој го купил италијанскиот крал. Ова бил нејзиниот последен успех.
Во 1940 година Бознањска починала и била погребана на гробиштата Les Champeaux во Монморенси во близина на Париз.
-
Автопортрет, 1893 година
-
Олга Бознанска на фотографија од 1898 година
-
Автопортрет, непознат датум
-
Автопортрет, 1906 година
-
Балзукиевич, Портрет на Олга Бознањска
-
домот на Бознански (2015)
Творештво
уредиБознањска била сликарка на портрети и токму нејзините портрети и ја донеле најголемата слава. Сликала главно во студио. Чест мотив на нејзините слики се ентериерите на студиото или погледите од прозорецот.
Таа боите ги нанесувала со нежни допири на четката и чекала да се исуши. Овој метод и давал сигурност дека нејзината палета нема да изгледа „валкано“ (и покрај тоа што користела нијанси на сива и темно кафена). Веќе за време на престојот во Минхен, таа се откажала од покривање на готовите слики со лак. Со текот на времето, таа сè почесто наместо на платно, сликала на лесно грундираниот картон, што и давало мат финиш и овозможило да создаде софистицирани ефекти на боја.
Бознањска и импресионизмот
уредиБознањска не би требало да се поврзува со импресионизмот. Таа често користела црна и локални нијанси, бои кои не биле прифатливи за импресионистите. Различен бил и нејзиниот однос кон природата. Во нејзините портрети таа го заменува сензуалното воодушевување на феномените на светлина, што е основа на импресионизмот, со темелна психолошка анализа и стремеж кон силен израз.
Магливата палета што таа ја користи има малку заедничко со раскошот на бои типични за Моне, Ван Гог или Реноар. Додека импресионистите ги напуштале своите студија и го истражувале влијанието на сончевата светлина врз бојата, Бознањска речиси никогаш не сликала на отворено. Ниту таа, ниту импресионистите не ги третирале човечките фигури како елемент на пејзажот или кој било друг сликарски мотив. Таа се фокусирала на психолошки портрет, кој ја одразува внатрешната вистина за прикажаниот лик, а не на минлив момент или блескаво парче боја. Во нејзините слики светлината живее свој живот, не зависи од временските прилики или периодот од денот[7].
Околу 1900 година таа веќе развила свој стил. Во нејзиното сликарство доминирала вредноста, играта на тонови и полутонови, давајќи им на сликите специфична неодреденост и мистерија. Париските критичари од тоа време со право не гледале никаква поврзаност помеѓу Бознањска и импресионизмот[8]. Самата уметница, еднаш прашана за нејзината зависност од импресионизмот, го сметала ваквото прашање за апсурдно: „Јас и импресионизмот?“[9].
Нејзиното творештво е класифицирано како постимпресионизам[10].
Избрани дела
уреди- Анемони, 1901 година, масло на картон, 49×36 cm, Националниот музеј во Варшава
- Автопортрет со јапонски чадор, 1892 година, масло на платно, 65×52 cm, Националниот музеј во Вроцлав
- Девојка со хризантеми, 1894 година, масло на картон, 88,5×69 cm, Национален музеј во Краков
- Девојка со корпа зеленчук во градината, 1891 година, масло на платно, 124×85 cm, Национален музеј во Варшава;
- Именден на баба, 1889 година, масло на платно, 79×60 cm, Националниот музеј во Варшава;
- Цвеќарки, 1889 година, масло на дрво, 65×85 cm, Националниот музеј во Краков;
- Цвеќиња, по 1920 година, масло на дрво, 29,5×41 cm, Националниот музеј во Краков;
- Портрет на Габриела Ревал, 1912 година, масло на картон, 120 × 90 cm, Национален музеј во Краков;
- Мртва природа со цвеќиња, околу 1930 година, масло на картон, 70×50 cm, Национален музеј во Краков;
- Мртва природа со вазна, 1918 година, масло на картон, 38,5×57,5 см, Национален музеј во Варшава;
- Млада жена со дете, 1902 година, масло на картон, 58,5×46,5 см, Приватна колекција на Марек Михницук, Париз;
- Тема од Париз, околу 1903 година, масло на дрво, 33×24 cm, Националниот музеј во Краков;
- Во оранжеријата, 1890 година, масло на платно, 235×180 cm, Националниот музеј во Варшава;
- Портрет на момче во униформа од средно училиште, околу 1890 година, масло на платно, 180×100 cm, Национален музеј во Варшава;
- Портрет на две деца на скали, 1898 година, масло на платно, 102×75 cm, Националниот музеј во Познањ;
- Портрет на две девојки, 1896 година, масло на картон, 70 × 49,5 cm, Шлезиски музеј во Катовице;
- Портрет на Феликс Јасиенски, 1907 година, масло на платно, 84,5 × 71 cm Национален музеј во Краков;
- Портрет на Гертруда Џиевичка (ќерка на Северин Џиевицки), 1897 година, масло на картон, 78 × 39 см, Национален музеј во Краков;
- Портрет на Хелена Чмиеларчикова, 1909 година, масло на платно, 110×80 cm, Шлезиски музеј во Катовице;
- Портрет на скулпторот Јан Шчепковски, околу 1906 година, масло на картон, 76 × 63 см, Шлезиски музеј во Катовице;
- Портрет на дама со бела капа, 1906 година, масло на картон, 107×80 cm, Шлезиски музеј во Катовице;
- Портрет на жена (циганка), 1888 година, масло на платно, 165×53 cm, Национален музеј во Краков;
- Портрет на жена во бел фустан, 1890 година, масло на платно, 150×100 cm, Националниот музеј во Краков;
- Портрет на Пол Науен, 1893 година, масло на платно, 121×91 cm, Националниот музеј во Краков;
- Портрет на Јадвига Сапиезина, 1910 година, Национален музеј во Краков;
- Портрет на млада жена во бело, 1912 година, масло на картон, 113×88 cm, Музеј Орсе, Париз;
- Портрет на г-ѓа Д., 1913 година, масло на картон, 117×71,5 cm, Музеј Орсе, Париз
- Портрет на госпоѓица Дигат, 1903 година, масло на картон, 82 × 60 cm, Музеј Орсе, Париз;
- На Велики петок (калуѓерка што се моли во црква), 1890 година, масло на платно, 240 × 158 cm, црквата Света Марија во Краков;
- Портрет на Казимиерз Виз, околу. 1905 година - прибл. 1909 година, масло на картон, 71 × 42,5cm Националниот музеј во Варшава;
- Евреин со вино, 1887 година, масло на платно, 81,5 × 65 cm, Музеј на Ополе Шлезија во Ополе
Награди и одликувања
уреди- Командантски крст на Орденот на Полската преродба (10 ноември 1938 година)
- Офицерски крст на Орденот на Полската преродба (1924) [11]
- Златен Академски Ловор (7 ноември 1936)
- Витез на Легијата на честа (Франција, 1912)
Комеморација
уреди- Во Краков, Бознањска живеела во куќа на ул. Пилсудски 21 (поранешна Волска 21), каде што имала свое студио. Куќата ја изградил нејзиниот татко. По неговата смрт, куќата им припаднала на Олга и Изабела. На зградата е поставена спомен плоча, направена од скулпторот од Факултетот за индустриски дизајн, Тадеуш Банаш, во 2000 година. Поп повод 135-годишнината од нејзиното раѓање и 60-годишнината од нејзината смрт. Во тестаментот, Олга го оставила својот дел од зградата на Академијата за ликовни уметности во Краков (делот од зградата што и припаѓал на Изабела Бознањска денес е сопственост на општина Краков).
- Во 2006 година во Киелце била поставена нејзина биста, дело на Јозеф Собчињски [12] .
- Во 2016 година Народната банка на Полска издала сребрена колекционерска монета со номинална вредност од 20 злоти во знак на сеќавање на Олга Бознанска, како дел од серијата „ Полски сликари од 19 и 20 век “ [13] .
- Од 2022 година е патрон на Средното училиште за ликовни уметности во Воѓислав Шлонски, а учениците на училиштето направиле мурал во нејзина чест [14] .
- Со резолуција на Сејмот на Република Полска од 10-тиот мандат од 24 јули 2024 година, било одлучено, 2025 година да се прогласи како „Година на Олга Бознанска“ [15] .
Галерија
уреди-
Плакета на куќата на Бознанска
-
Градска архитектура I, 1885
-
Згради II, 1886
-
Евреин пие вино, 1887
-
Калуѓерка, 1887
-
Портрет на жена – Циганка, 1888
-
Цвеќарки, 1889
-
Бретонка, 1889
-
После прошетка, 1889
-
На Велики петок, 1890
-
Пејзажен мотив, ok. 1890
-
Весела Башка, 1891
-
Портрет на Пол Науен, 1893
-
Девојка со хризантеми, 1894
-
Портрет на Ирена Збигњевичова, 1896
-
Ателјето на уметницата во Краков, 1896
-
Златни рози, 1896
-
Цвеќиња на тераса, 1903
-
Портрет на Кажимиеж Виза, 1905-1909
-
Композиција со настурциуми 1906
-
Портрет на Владислав Чмиеларчик, 1907
-
Портрет на Феликс Јасиенски, 1907
-
Портрет на музичарот Антони Диет
-
Портрет на госпоѓа Хораин, 1908
-
Поглед од прозорецот на студиото 1912
-
Портрет на Елза Краузова, 1912
-
Портрет на Габриела Ревал, 1912
-
Портрет на Хенрик Шенкевич 1913
-
Цветови, 1913
-
Портрет на Луција Детлоф, 1917
-
Портрет на сликарот Марчин Самлички
-
Портрет на госпоѓа Гошчиенска, 1925
-
Портрет на Јан Рубчак, 1930
-
Гладиоли, 1930
-
Портрет на Стефан Збигњевич, 1930
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Witz 1970.
- ↑ Kuźniak, Angelika (2019). Boznańska: non finito (Wydanie pierwsze. изд.). Kraków: Wydawnictwo Literackie. ISBN 978-83-08-06808-3. OCLC 1137263613.
- ↑ Kozakowska-Zaucha, Urszula (2018-10-10). „Kogóż tam nie było? Karykatury Kazimierza Sichulskiego z restauracji Stanisława Karpowicza w Zakopanem“. Rocznik Historii Sztuki: 123–141. doi:10.24425/rhs.2018.124940. ISSN 0080-3472.
- ↑ „Autorenverzeichnis“. Si vis pacem, para mentem: 320–320. 2019-05-19. doi:10.7767/9783205231776.320.
- ↑ Bracha, Franciszek (1958.06.30). „Rec.: Witold Malej, Łaskami słynące obrazy Najświętszej Maryi Panny w archidiecezji warszawskiej, Warszawa 1957 ss. 51“. Nasza Przeszłość. 7: 340–342. doi:10.52204/np.1958.7.340-342 Проверете ја вредноста
|doi=
(help). ISSN 2720-0590. Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help) - ↑ Adamczewski, Stanisław (1933). „Pojawy motyli w okolicach Warszawy w roku 1934 = Apparitions des lépidoptères dans les environs de Warszawa en 1934“. Fragmenta Faunistica Musei Zoologici Polonici. 2: 305–313. doi:10.3161/15053970ff1936.2.27.305. ISSN 1505-3970.
- ↑ Charazińska, Elżbieta (2003). „Boznańska, Olga“. Oxford Art Online. Oxford University Press.
- ↑ Blum, F. A.; Shaw, D. W.; Holton, W. C. (1974-07-15). „Optical striplines for integrated optical circuits in epitaxial GaAs“. Applied Physics Letters. 25 (2): 116–118. doi:10.1063/1.1655402. ISSN 0003-6951.
- ↑ Sonik, Karen, уред. (2021-12-31). Art/ifacts and ArtWorks in the Ancient World. University of Pennsylvania Press. ISBN 978-1-949057-12-6.
- ↑ Głowacka, Ewa (2009-12-01). „Katarzyna Materska: Informacja w organizacjach społeczeństwa wiedzy, Warszawa 2007“. Toruńskie Studia Bibliologiczne. 2 (2 (3)). doi:10.12775/tsb.2009.025. ISSN 2080-1807.
- ↑ Order Odrodzenia Polski. Trzechlecie pierwszej kapituły 1921–1924. Warszawa: Prezydium Rady Ministrów. 1926. стр. 22.
- ↑ „Popiersie Olgi Boznańskiej“. 2015.04.20. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Polscy Malarze XIX/XX w. – Olga Boznańska“ (полски). 14 września 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Olga Boznańska patronką wodzisławskiego Plastyka“. 2022.12.08. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 2025 rokiem Boznańskiej, Duszeńki, Słonimskiego, Żeromskiego, gen. Sosnkowskiego, Polskich Bohaterów z Katynia i innych miejsc oraz Milenium Koronacji w Gnieźnie, 2024-07-24