Билдербершка група

Билдербершка група, Билдербершка конференција или Клуб Билдерберг е годишна, неофицијална конференција со околу 120 до 140 поканети гости од Северна Америка и Западна Европа, а повеќето од нив се влијателни.[1] Околу една третина од нив се политичари и владини лица, а две третини се од сферата на финансии, индустрија, образование и комуникации. Средбите се затворени за јавност и често се промоција за идните политички водачи, кратко пред нивните имиња да се одомаќинат.[1]

Билдербершка група
Хотелот Билдерберг (2007), локација на првата конференција во 1954 година
Основана29 мај 1954; пред 70 години (1954-05-29)
Шеф на управниот комитетЕтјен Давињон
Мреж. местоbilderbergmeetings.org

Потекло

уреди

Првата конференција е одржана во хотелот Билдерберг, близу Арнем во Холандија, од 29 мај до 31 мај 1954 година. Иницијативата била на неколкумина меѓу кои полскиот политичар Јозеф Ретингер, загрижен заради порастот на анти-американизмот во Западна Европа, предложил меѓународна конференција на која водачите од европските земји и Америка со заеднички напори ќе промивираат атлантицизам – подобро сфаќање меѓу културите на Америка и Европа и соработка на политички, економски и одбранбен план.[2]

Улога

уреди

Улогата на Билдербершките средби уште од основањето во 1954 година е предмет на дебата меѓу научниците и новинарите. Во есејот од 1980 година Билдерберг и Западот, истражувачот Питер Томпсон докажува дека Билдербершката група е средба на врвните лица од светските мултинационални корпорации и врвните политички фигури, кои ги разгледуваат моменталните и долгорочните проблеми со кои се соочува Западот. Според Томпсон, Бидлерберг сам по себе не е агенција на директори. Но, откако членовите на групата ќе се согласат околу она што треба да биде направено, на располагање им стојат национални и интернационални инструменти за да го спроведат она што го наумиле. Но нивните намери не се секогаш остварливи.[3]

Учесници

уреди
 
Директорот на федерални резерви Бен Бернанк ја напушта Билдербершката конференција во 2008 година

До сега како учесници се појавувале банкари, политичари и директори на големи бизниси.[4] Водачи на држави биле учесници, вклучувајќи ги Хуан Карлос I од Шпанија и Кралицата Беатрикс од Холандија.[5][6] Познати политичари од Северна Америка и Европа како и членови на најголемите корпорации како што се IBM, Ксерокс, Нокија и други, се дел од учесниците на овие конференции.[5] Од политичкиот свет учесници биле: Костас Караманлис, Мати Ванханен,[7] Мануел Баросо, Хенри Кисинџер, Бил Клинтон, Тони Блер, Маргарет Тачер, Хелмут Шмит и други.

Приватност

уреди

Хотелот во кој се одржува средбата не смее да прима други гости, а чуван е од приватна компанија, како и од локалната полиција и тајните служби. Новинарите кои се обиделе да влезат, а не се поканети, се жалат на однесувањето на чуварите. Во текот на Билдербершката коференција во Грција во 2009 година, на пример, репортерот на Гардијан Чарли Скелтон бил двапати уапсен поради тоа што се обидувал недозволено да ги фотографира возилата кои влегувале и излегувале.[8] На 9 јуни 2011 Италијанецот Марио Боргезио, член на европскиот парламент, бил уапсен од полицијата, а по неколку часа му било забрането да се најде во близина на целата област во која се одвивала конференцијата во моментот. Поради овој инцидент, италијанската амбасада во Берн се пожалила до швајцарската влада и побарала да се истражи случајот.[9]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 BBC News Online (7 June 2011). „Bilderberg mystery: Why do people believe in cabals?“. Посетено на 14 June 2011. Наводот journal бара |journal= (help)
  2. Hatch, Alden (1962). „The Hôtel de Bilderberg“. H.R.H.Prince Bernhard of the Netherlands: An authorized biography. London: Harrap. ISBN B0000CLLN4. The idea was to get two people from each country who would give the conservative and liberal slant
  3. Thompson, Peter (1980). „Bilderberg and the West“. Во Sklar, Holly (уред.). Trilateralism: The Trilateral Commission and Elite Planning for World Management. South End Press. стр. 158. ISBN 0896081036.
  4. Caroline Moorehead (18 April 1977). „An exclusive club, perhaps without power, but certainly with influence: The Bilderberg group“. The Times.
  5. 5,0 5,1 „Bilderberg Meeting of 1997 Assembles“. PR Newswire. 13 June 1997. Архивирано од изворникот на 2011-04-30. Посетено на 2011-10-19.
  6. Mark Oliver (4 June 2004). „The Bilderberg group“. The Guardian. London.
  7. „Prime Minister Vanhanen and Minister of Finance Katainen to attend Bilderberg Conference“. Finnish Government. 13 May 2009. Архивирано од изворникот на 2012-01-20. Посетено на 2011-10-19.
  8. Skelton, Skelton (18 May 2009). „Our man at Bilderberg: Six days to lost innocence“. London: The Guardian.
  9. „Schweizer Fernsehen am 11.06.11 - Italien fordert Aufklärung nach Bilderberg-Vorfall“. Архивирано од изворникот на 2011-06-14. Посетено на 2011-10-19.

Надворешни врски

уреди