Констанца (округ)

(Пренасочено од Округ Констанца)


Констанца (романски: Judeţul Constanţa) е округ во Романија, сместен во југоисточниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Констанца, а значајни се и градовите Менџидија, Мангалија и Наводари.

Округ Констанца
Constanţa
Грб
Местоположба на округот Констанца во Романија
 
Покраина Добруџа
Седиште Констанца
Население 715.151 (2002)
Површина 7.071 km2
Густина на населеност 101/km2
ISO 3166-2 шифра RO-CT
Мрежно место www.cjc.ro

Округот Констанца е најважниот приморски округ во Романија. Градот Констанца е единственото големо пристаниште во земјата, а во округот се наоѓаат сите познати летувалишта на Црното Море во земјата, како Мангалија, Мамаја, Ефорие и Тузла.

Географија

уреди

Местоположба

уреди
 
Поглед на градот Констанца и Црното Море

Округот Клуж е приморски округ во Романија, а воедно и граничен кон Бугарија. Окружен е:

Релјеф

уреди

Округот се наоѓа во историската област Добруџа. Сместен е меѓу течението на реката Дунав, која го одвојува од областа Влашка и Црното Море. Во средишниот дел на округот ископан е каналот Чернавода-Негру Вода. Северниот дел на округот е рамничарски, а јужниот ридест.

Демографија

уреди

Округот спаѓа во групата на окрузи во Романија во кои живее претежно романско население. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 91% од населението во округот, а од останатите најбројни се Турците кои сочинуваат 3,4% од вкупното население, Татарите 3,2% и Ромите 1%. Останатите 1,4% се припадници на некоја друга етничка заедница.

Надворешни врски

уреди