Арџеш (округ)
Арџеш (романски: Judeţul Argeş) — округ во Романија, сместен во средишниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Питешт, а значајни градови се и Курта де Арџеш и К’мпулунг.
Округ Арџеш Argeş | |
---|---|
Покраина | Мунтенија |
Седиште | Питешт |
Население | 652.625 (2002) |
Површина | 6.862 km2 |
Густина на населеност | 95/km2 |
ISO 3166-2 шифра | RO-AG |
Мрежно место | www.cjarges.ro |
Географија
уредиМестоположба
уредиОкругот Арџеш е копнен округ во Романија. Окружен е:
- на север со: Брашов;
- на исток со: Д’мбовица;
- на југ со: Телеорман;
- на југозапад со: Олт;
- на запад со: Валча;
- на северозапад со: Сибињ.
Релјеф
уредиОкругот се наоѓа во Влашка, поточно во нејзината јужна покраина Мунтенија. Низ округот тече реката Арџеш, по која округот го добил и името. Северниот дел на Арџеш има планински карактер, каде се простираат Карпатите, во средишниот дел се простираат шуми, кои ко јужниот дел постепено преминуваат во Влашката Низина.
Демографија
уредиАрџеш спаѓа во групата окрузи во Романија, во кои претежно живее романско население. Според пописот во Романија во 2002 година, етничкиот состав во округот го сочинуваат:
Бројот на населението во округот по временски периоди е претставен во следната табела:
Година | Население[2] |
---|---|
1948 | 448.964 |
1956 | 483.741 |
1966 | 529.833 |
1977 | 631.918 |
1992 | 681.206 |
2002 | 652.625 |
Стопанство
уредиОкругот Арџеш е едн од најразвиените индустриски региони во Романија. Во него има рафинерија за нафта, а во Миовени, односно К’мпулунг се наоѓаат седиштата на автомибилските производители „Дачија“, односно АРО.
Од индустриските гранки, најразвиени се:
- автомобилската индустрија;
- хемиската индустрија;
- производството на електрична опрема и апарати за домаќинството
- прехранбената индустрија;
- текстилната индустрија; и
- производството на градежни материјали.
Нафтата се исцрпува во средишниот и во јужниот дел на округот. Во округот има и рудници на јаглен, а во близина на Миовени се наоѓа центар за јадрено истражување и производство на јадрено гориво за потребите на атомската централа во близина на Чернавода. По течението на реката Арџеш распоредени голем број на хидроцентрали, од кои најзначајна е хидроцентрљлата Видрару, со соодветната брана.
Ридестите предели во округот се погодни за одгледување на овошје, а во овие предели се произведува и вино, а јужниот дел е погоден за одгледување на жито.
Туризам
уредиГлаавни туристички одредишта во округот се:
- градот Питешт;
- градот Курта де Арџеш, во чијашто близина се наоѓа манастирот Курта де Арџеш;
- пределот меѓу градовите К’мпулунг и Рукар;
- Прекуфагарашкиот пат на Фагарашките Планини;
- планината Леата;
- дворецот Појенари; и
- манастирот Котмана.
Административна поделба
уредиОкругот е поделен на 3 општини, 4 градови и 95 општини.
Наводи
уреди- ↑ Државен завод за статистика, "Populaţia după etnie" Архивирано на 16 август 2009 г.
- ↑ Државен завод за статистика, "Populaţia la recensămintele din anii 1948, 1956, 1966, 1977, 1992 şi 2002" Архивирано на 22 септември 2006 г.
Надворешни врски
уреди„Арџеш (округ)“ на Ризницата ? |