Небесна Кула
Небесната Кула (англ. Auckland Sky Tower) е кула на аголот од улиците Викторија Ст. и Федерал Ст. во центарот на Окленд, Нов Зеланд. Висока е 328 м, од приземјето до врвот на јарболот, и со тоа е највисоката самостојна градба на јужната полутопка. Интересно е тоа што архитектот јавно се откажал од своето дело. Кулата е 12-та највисока членка на Светската федерација на големи кули. Оваа кула е дел од казино-комплексот SKYCITY Auckland сопственост на фирмата SKYCITY Entertainment Group.
Небесна Кула | |
---|---|
Auckland Sky Tower | |
Поглед кон кулата | |
Општи податоци | |
Место | Окленд, Нов Зеланд |
Состојба | Изградена |
Започната | 1994 |
Изградба | 1994-1997 |
Отворање | 3 март 1997 |
Употреба | телекомуникации, набљудување, мешана употреба, туризам |
Висина | |
Антена/шилец | 328 m |
Последен кат | 222 m |
Технички податоци | |
Вкуп. површина | 5500m2[1] |
Лифтови | 4 |
Чинење | NZ$76 million[1] |
Фирми | |
Архитект(и) | Craig Craig Moller Ltd.[2] |
Градеж. инженер | Beca Group[2] |
Изведувач | Fletcher Construction[2] |
Градежна фирма | Harrah's Entertainment[3] |
Сопственик | SKYCITY Entertainment Group |
Намени
уредиПокрај забава, кулата служи за телекомуникации и пренос кои простории се наоѓаат на 48-миот спрат. Исто така тука неколку радио станици делат предавател. ТВ компанијата Канвест (во чија сопственост се каналите ТВ3 и Ц4) тука има спореден предавател—додека нивниот главен предавател е во Ваиатаруа. Горниот дел од кулата има два ресторана (од кои еден е вртлив) и разни нагледни платформи. Кулата има 600.000 посетители годишно или по околу 2 посетитела во минута.
Кулата исто така нуди банџи-скокање, т.н. SkyJump помогнато од кабел од висина од 192 м од една нагледна платформа на кулата.
Изградба
уредиПои две и пол години изградба, кулата била свечено отворена на 3 март, 1997, шест месеци порано од предвидениот рок [1] Архивирано на 6 јануари 2009 г.. При изградбата употребени се 15,000 кубни метри цемент, 2,000 арматура и 660 тони градежен челик. Јарболот тежи повеќе од 170 тони.
Одговорна за изведбата била фирмата Флечер Констракшн. Оваа фирма обезбедила координација, стуктурни, геотехнички, градежни, механички, електрични, водоводни услуги, како и осветлување и противпожарен систем.
Кулата е направена да издржува ветрови посилни од 210 км/ч и да издржува земјотреси низ период од 1000 години. Според анализите, земјотрес со епицентар на 40 раздалеченост и јачина од 7,0 на Рихтеровата скала не ѝ може ништо на кулата. Дури и земјотрес со јачина од 8,0 по Рихтеровата скала, што е речиси невозможно во овие краишта, не може да ја сруши кулата.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Светска федерација на големи кули - пров. 4 јули 2009
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Небесната Кула на Structurae.com - пров. 4 јули 2009
- ↑ In Auckland, Life Is Alfresco - New York Times, 5 октомври 1997 (англиски)
Надворешни врски
уреди- Страница на кулата (англиски)