Ожујско пиво (изворно Ožujsko pivo; во превод Мартовско пиво), исто така познато и продавано како Жуја (Žuja),[1]хрватски бренд на одлежано пиво (5%). Тоа е водечки бренд произведен од Zagrebačka pivovara (Загребачка пивовара), најголемата пиварница во земјата која е дел од Molson Coors Brewing Company од 2013 година.

Ožujsko pivo
(Ожујско пиво)
ТипОдлежано пиво
ПроизводителЗагребачка пивовара
Земја на потеклоХрватска
Се појавил1892
Алкохол по волумен5%
Матична страницаozujsko.com

Спецификација

уреди

Направено е од природни состојки: јачмен, квасец, хмељ и вода. Ожујско има златна боја. Името го добилo по месецот март (хрватски: ožujak), кога традиционално се прави најдоброто пиво. Со развојот на производството, оваа сезона веќе не е важна за квалитетот на Ожујско пиво и сега може да биде приготвувано преку целата година.[2][3] Опишан е и како „златно одлежано пиво, со длабока бела глава. Носот од слатка пченка и слад дава овошен завршеток“.[4]

Историја

уреди

Ожујско пиво е едно од најстарите брендови со непрекинато продолжение на производство во Хрватска. За прв пат е произведено во 1892 година.[се бара извор]

Продажба и спонзори

уреди

Ožujsko pivo е водечки бренд на пиво во однос на продажбата во Хрватска, со пазарен удел од приближно 40%. Во последните 15 години Ожујско пиво е службен спонзор на хрватската фудбалска репрезентација.

Наводи

уреди
  1. „Pivnica.net - Fenomenologija zakona žuje“.
  2. „Proizvodi“. Архивирано од изворникот на 9 март 2009. Посетено на 30 јули 2023.
  3. https://croatiaproduct.com/products/ozujsko-beer[мртва врска]
  4. Beer Book, DK, pp. 295