Одисеас Елитис е роден во 1912 година во Ираклион[1]. Починал во 1996 година во Атина. По неговата смрт многу улици, плоштади, училишта ширум цела Грција ќе го носат неговото име, како и аеродромот на Островот Лезбос, од каде што потекнувале неговите родители и каде што тој го поминал своето детство на островот Крит, каде што е роден и Никос Казанѕакис, авторот на романите „Алексис Зорбас“ и „Христос повторно распнат“.[2]

“'Одисеас Елитис“', релјеф на профил
“'Одисеас Елитис“' во 1974 година

Животопис

уреди

Уште во раната младост Елитис се преселил во Атина, каде што ќе заврши Правен факултет, но песните, „сирените“ на литературата и на уметноста брзо ќе го примамат, и тој наполно ќе и се посвети на поезијата, веднаш ќе го смени и своето презиме Алепуделис во Елитис, кое звучи воинствено, и според неговото толкување уште одразува и неколку други концепти на грчката мисла како Грција(Елас), надеж(Елпида), слобода(Елефтерија) и митолошката женска убавина и привлечност олицетворена во Елена. Во 1979 година ја добива Нобеловата награда. Своите први песни ги објавува во 1935 година во ревијата „Неја грамата“ („Нови тескстови“).

Творештво

уреди
 
Семејството на Одисеас

Во почетокот на 1940 Елитис учествува во Албанскиот фронт против инвазијата на фашистичка Италија, што ќе го поттикне да го напише своето познато поетско дело „Херојска тажаленка за паднатиот потпоручник на албанскиот фронт“, една возбудлива епотеја која значи премин од „сетилноста“ и „светлината“ што беа израз на чистиот естетизам, кон „трагичното“ и „херојското“. Од 1948 до 1952 година Елитис многу патува. Во Париз се сретнува со „патријархот“ на недреализмот Андре Бретон, ги запознава и другите големи претставници на надреалистичкиот правец во литературата Анри Мишо, Пол Елиар и Рене Шар. За време на полковничкиот режим, Елитис е протеран од Грција и неколку години поминал во Париз, како и многумина негови сонародници, меѓу кои и Мелиса Меркури, Микис Теодоракис, Никифорос Вретакос и други. Иако современата грчка литература даде неколку мошне значајни поети, чии имиња можеби попознати во светот од името на Елитис, сепак, Елитис е најомилен меѓу грчкиот народ, дури тој е еден вид народен поет, а тоа го постигнал особено со својата поема „Херојската тажаленка за паднатиот потпоручник на албанскиот фронт“, во која се опеани херојските настани од Втората светска војна, и со неговото големо и многуопфатно дело „Аксион ести“ чиј наслов е земен од грчко-ортодоксната литургија, што во буквале превод значи „Достојно да се биде“ или „Заслужен“. Тоа е всушност циклус од митски песни врз кои Елитис работел цела една деценијаи првпат во облик на книга се појави во 1959 година, за да стане една од најчитаните книги во Грција, добивајќи го луксузниот епитет „Библијата на грчкиот народ“. Во „Аксион Ести“ Елитис се обидува да ги внесе сите можни поетски форми, започнувајќи од византиските химни, преку песните за „Клефтите“(борци против турското ропство), па сè до слободниот стих, до долгосложниот верзал, а во неколкуте интервали, црпи поетски искуства од народната проза и од мемоарската проза на легендарниот грчки војсководец од 1821 година, Јанис Макријанис. Широки размери на популарноста доби диру кога Микис Теодоракис напиша музика за него, за да го прифати како свој нов Хомер, како што Грците од минатиот век го прифатиле поетот Дионисиос Соломос, или како што подоцна за време на Метаксасовата црна диктатура и за време на окупацијата ќе ги прифати националните поети Костис Паламас и Ангелос Сикелјанос. Инспирирани од стиховите на Елитис музика пишуваат и други грчки композитори, како на пример, мошне популарниот Хаѕидакис. Меѓу другите стихозбирки на Елитис секако треба да бидат споменати и книгите „Клепсидра на непознатото“ издадена уште во 1937 година, за која некои критичари сметаат дека е најдобра негова книга, потоа „Дрво на светлината“,(1971), „Марија Облак“,(1978), „Сонцето прво“,(1979), „Шест и уште една грижа за небото“,(1971) и есеистичката книга „Отворени карти“. Покрај тоа, Елитис има објавено и неколку монографии, како и библиографски изданија на своите песни со илустрации од Пикасо, Матис и други светски уметници. На грчки превел поетски дела од Елијар, Рембо, Унгарети, Елиот, Лорка и други.

Наводи

уреди
  1. Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010
  2. Раде Силјан, Странски авиори&дела, Натица Македоонска, Скопје,2001, стр. 440 - 441.