Калемење
Калемење — еден од начините на вегетативно размножување кај растенијата. Со калемење по вештачки пат се спојуваат два дела од исти или од различни видови на растенија. Честопати заради неродност, воведување нова перспективна сорта или др. се укажува потреба од калемeње на растенијата. По калемењето, делот од растението што се наоѓа во почвата на кој се врши калемење се нарекува подлога, делот се калеми на подлогата се нарекува калем (питомка). Калемeњето на овошките најчесто се изведува рано напролет, пред или во почетокот на растителността, воглавно во март-април кога нема соко - движење и лесно се одвојува кората, но некои начини на калемење се вршат во напредна растителност.