Административна поделба на Шкотска
Шкотска административно се дели на 32 обласни единици (англ. council areas), сите под унитарна управа[1] на совети (councils). По законот за гелски називи од 1997 г.[2] тие имаат на избор да се нарекуваат „comhairle“ ако решат да гелското име на областа да биде официјално. Досега оваа можност ја има искористено само областа Надворешни Хебриди (гел. Na h-Eileanan Siar).
Обласните единици постојат од 1 април 1996, согласно Законот за локална самоуправа на Шкотска од 1994 г.
Постарите поделбени целини и денес играат улога кај единиците на другите административни органи (опишани подолу).
Управни области
уредиКОПНЕНА | Површина (км²) |
Население (2001) |
Густина (по км²) |
---|---|---|---|
Абердин | 182 | 212.125 | 1.164 |
Абердиншир | 6.317 | 226.871 | 36 |
Ангус | 2.184 | 108.400 | 50 |
Аргајл и Бјут | 7.023 | 91.306 | 13 |
Глазгов | 175 | 577.869 | 3.307 |
Хајленд | 26.119 | 208.914 | 8 |
Дамфрис и Галовеј | 6.446 | 147.765 | 23 |
Данди | 55 | 145.663 | 2.648 |
Единбург | 260 | 448.624 | 1.725 |
Западен Данбартоншир | 176 | 93.378 | 531 |
Западен Лотијан | 427 | 158.714 | 372 |
Инверклајд | 167 | 84.203 | 503 |
Источен Ершир | 1.275 | 120.235 | 94 |
Источен Данбартоншир | 176 | 108.243 | 617 |
Источен Лотијан | 666 | 90.088 | 135 |
Источен Ренфрушир | 168 | 89.311 | 532 |
Јужен Ершир | 1.230 | 112.097 | 93 |
Јужен Ланаркшир | 1.778 | 302.216 | 170 |
Клакмананшир | 158 | 48.077 | 304 |
Мари | 2.237 | 86.940 | 39 |
Мидлотијан | 350 | 80.941 | 231 |
Перт и Кинрос | 5.395 | 134.949 | 25 |
Ренфрушир | 263 | 172.867 | 659 |
Северен Ершир | 888 | 135.817 | 153 |
Северен Ланаркшир | 476 | 321.067 | 674 |
Стерлинг | 2.243 | 86.212 | 38 |
Фајф | 1.340 | 349.429 | 261 |
Фолкерк | 293 | 145.191 | 496 |
Шкотски Граници | 4.727 | 106.764 | 23 |
ВКУПНО — КОПНЕНА | 73.193 | 4.994.276 | 68 |
ОСТРОВИ | |||
Надворешни Хебриди | 3.070 | 26.502 | 9 |
Оркниски Острови | 1.025 | 19.245 | 19 |
Шетландски Острови | 1.471 | 21.988 | 15 |
ВКУПНО — ОСТРОВИ | 5566 | 67.735 | 12 |
СЕВКУПНО — ШКОТСКА | 78.759 | 5.062.011 | 64 |
Шерифства
уредиШерифствата се правосудни области. Денес постојат 6 шерифства, создадени на 1 јануари 1975 г:[3]
Месности
уредиШкотска се дели на 871 месности (civil parishes). Иако овие немаат административна функција уште од 1930 г, денес служат за статистички цели како пописи и сл. Многу поранешни месности сега играат улога на регистарски окрузи.
Заедници
уредиОва е најситната единица на поделба во Шкотска заедниците (communities) кои можат да бираат свои совети (community councils, CCs). Нивната главна улога е да ги застапуваат локалните потреби и гледишта во покрупните управни органи. ВО земјата постојат околу 1200 вакви заедници. Некои заедници имаат имаат заеднички совети.
Поврзано
уреди- Намесништва во Шкотска
- Административна поделба на Обединетото Кралство
- ISO 3166-2:GB, аминистративни поделбени кодови за Обединетото Кралство
Наводи
уреди- ↑ Во однос на шкотска зборот „unitary authority“ има чисто описно значење. Во Британија тој поим има официјално значење само во Англија.
- ↑ Закон за локалната самоуправа (Гелски називи) (Шкотска) 1997 (англиски)
- ↑ Указ за реорганизација на шерифствата 1974 S.I. 1974/2087 (S.191)