ОУ „Рајко Жинзифов“ - Горно Оризари

основно училиште во Македонија

Основно училиште „Рајко Жинзифов“ (официјално: Основно општинско училиште „Рајко Жинзифов“ - Горно Оризари; скратено: ООУ „Рајко Жинзифов“) — централно основно училиште во велешкото село Горно Оризари, Општина Велес.[1]

Рајко Жинзифов
Место
Општина: Општина Велес
Наречено по: Рајко Жинзифов
Нас. место: Горно Оризари
Адреса: ул. „Сараевска“, бб, с. Горно Оризари
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1945; пред 79 години (1945)
Директор: Тања Николова
Настава на: македонски и босански
Контактни информации
Мреж. место rajkozinzifovveles.edu.mk/
Е-пошта rajkozinzifovveles@yahoo.com

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски преродбеник Рајко Жинзифов.

Историја

уреди

Училиштето започнало со работа непосредно по ослободувањето, односно од 1945/46 година, како неполно основно училиште од I–IV одделение и го добило името на првоборецот Благој Кирков, роден во Велес. Со понатамошниот развој училиштето прераснало во петолетка, па во шестолетка и така опстојувало сè до 1972 година. Истата година општинското собрание донело Одлука училиштето да прерасне во осмолетка под името Рајко Жинзифов.

Во минатото, наставата се одвивала во два училишни објекта и тоа во населбите во Превалец и Горно Оризари. Наставата од I–V одделение во населбата Превалец се изведувала на македонски наставен јазик, а во Горно Оризари на босански наставен јазик од I–V одделение.

Од второто полугодие на учебната 2015/2016 година воспитно-образовната дејност се реализира само во училишниот објект во Горно Оризари поради одвојувањето на училишниот објект од населба Превалец и негово приклучување кон ООУ „Васил Главинов“.

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-03.

Надворешни врски

уреди