ПУ „Д-р Трифун Пановски“ - Нижеполе
Основно училиште „Д-р Трифун Пановски“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Д-р Трифун Пановски“ - Нижеполе; скратено: ПООУ „Д-р Трифун Пановски“) — поранешно подрачно основно училиште во селото Нижеполе, кое претставувало единка на истоименото училиште од градот Битола, Општина Битола.[1]
Д-р Трифун Пановски | |
---|---|
Поглед на училиштето
| |
Место | |
Општина: | Општина Битола |
Наречено по: | Трифун Пановски |
Нас. место: | Нижеполе |
Адреса: | с. Нижеполе |
Местоположба | |
Основни информации | |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Училиштето е именувано по македонскиот учесник во НОВ и прв партизански лекар, Трифун Пановски.
Историја
уредиГрадбата е изградена во дворот на црквата „Света Петка“ на крајот на XIX или на самиот почеток на XX век како грчко училиште за претежно гркоманското влашко население од Нижеполе. Во триаголниот простор над нејзиниот главен влез има опширен натпис кој информира дека училиштето е изградено во времето на митрополитот Амвросиј Пелагониски (1899–1903) со средства од нижополецот Константин Беби (Константинос Бембис). Зградата е во класичен и еклектичен стил популарен во тоа време во Битола.[2]
По воспоставувањето на македонската држава, училиштето го добило името по докторот и партизанот Трифун Пановски.
Училиштето престанало со настава после учебната 2010/11 година.[3]
Особености
уредиПодрачното училиште во Нижеполе располага со училишна зграда со површина од 321,00 м2 во која се наоѓаат две училници и една канцеларија, и училишниот двор со површина од 180,00 м2[3]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-11-23.
- ↑ Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 37. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2023-07-12.
- ↑ 3,0 3,1 „Самоевалуација на училиштето“ (PDF). ОУ „Д-р Трифун Пановски“ - Битола. 2019. стр. 8. Архивирано (PDF) од изворникот 2021-01-21. Посетено на 12 јули 2023.
Надворешни врски
уреди- ПУ „Д-р Трифун Пановски“ - Нижеполе на Ризницата ?