ОУ „Димитар Миладинов“ - Центар
Основно училиште „Димитар Миладинов“ (во минатото: Основно училиште „Браќа Рибар“; официјално: Основно општинско училиште „Димитар Миладинов“ - Центар; скратено: ООУ „Димитар Миладинов“) — централно основно училиште во скопската населба Центар, Општина Центар.[1]
Димитар Миладинов
| |
---|---|
![]() Поглед на училиштето
| |
Место | |
Општина: | Општина Центар |
Наречено по: | Димитар Миладинов |
Нас. место: | Центар |
Адреса: | ул. „Кочо Рацин“, бр. 17 |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1959 |
Директор: | Марија Варсамис Симоновска |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | ooudimitarmiladinov.edu.mk |
Е-пошта | oou-dimitarmiladinov-centar@schools.mk |
Телефон | 02/3161-448 |
Факс | 02/3114-216 |
Денес, училиштето е именувано во чест на истакнатиот македонскиот писател и фолклорист Димитар Миладинов, додека во минатото било именувано по браќата Рибар, Иво Лола и Јурица Рибар.
Историја
уредиУчилиштето е создадено во октомври 1954 година, кога го носи името на народниот херој од НОБ – Иво Лола Рибар, а наставата се одвивала во старата зграда на гимназијата Цветан Димов, позната како машка гимназија.
Во денешната зграда училиштето работи од 1960 година. Од 1961 година, по предлог на д-р Иван Рибар, таткото на Иво и Јурица, го носи името Браќа Рибар. Во март 1994 година било промовирано новото име на училиштето: Димитар Миладинов.
Во 1965/66 година е воведен дневен престој за учениците.
Во 1970/71 година експериментално е воведена целодневна настава во едно прво одделение, а во 1974/75 целодневната настава е воведена од 1 до 4 одделение, со што училиштето се вбројува меѓу првите училишта во Македонија со овој вид на организација на воспитно-образовната работа.
Во пролетта 1990 година е формирано училишното еколошко друштво „Фиданки“, кое реализираше многу активности за развивање на еколошката свест и култура кај младите генерации.
Во 2004/2005 година почна со реализација проектот за учење на француски јазик од прво одделение. Во 2006/2007 година почна со реализација проектот за учење на руски јазик од прво одделение.
Во 1991 година беше воспоставена соработка со училиште од градот Брасак во Франција.
Во периодот од 2004 до 2008 година беше обновена соработката со основните училишта: ОУ Краљ Петар Први од Белград и ОУ Брежице од Брежице, кои во минатото го носеле името Браќа Рибар.
Училишната библиотека е формирана во 1958 година. Денес има фонд од околу 14000 книги.
Забна амбуланта во училиштето работи од 1970 година.
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-20.