ОУ „Д-р Трифун Пановски“ - Битола
Основно училиште „Д-р Трифун Пановски“ (официјално: Основно општинско училиште „Д-р Трифун Пановски“ - Битола; скратено: ООУ „Д-р Трифун Пановски“) — централно основно училиште во градот Битола, Општина Битола.[1]
Д-р Трифун Пановски
| |
---|---|
Поглед на училиштето
| |
Место | |
Општина: | Општина Битола |
Наречено по: | Трифун Пановски |
Нас. место: | Битола |
Адреса: | ул. „Охридска“, бр. 50 |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1932 |
Директор: | Пецо Димовски |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | trifunpanovskibitola.wordpress.com/ |
Е-пошта | trifunpanovski@yahoo.com |
Телефон | 047/231-240 |
Факс | 047/231-240 |
Училиштето е именувано по македонскиот учесник во НОВ и прв партизански лекар, Трифун Пановски.
Местоположба
уредиУчилиштето се наоѓа во централното градско подрачје на Битола, помеѓу улиците „Охридска“, „Вангел Мајоро“ и булеварот „1 Мај“. Училиштето се состои од една градба со два краци. Едниот крак е стар дел изграден во 1932 година, а другиот крак е изграден 1956 година. Училиштето започнува да работи во далечната 1932 година со стариот дел.
Градба
уредиУчилишната градба зафаќа површина од 1420,98 м2, а училишниот двор површина од 3088 м2. Училишниот двор има зелен дел и асфалтиран дел каде што се сместени спортските терени за реализација на спортски активности.
Подрачни училишта
уредиВо состав на ОУ „Д-р Трифун Пановски“– Битола работат четири подрачни училишта и тоа во Трново, Дихово, Брусник и Братин Дол. Подрачното училиште во Нижеполе не работи од 2011 година, а исто така повеќе не работи ниту училиштето во Брусник.[2]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-11-23.
- ↑ „Самоевалуација на училиштето“ (PDF). ОУ „Д-р Трифун Пановски“ - Битола. 2019. стр. 8. Архивирано (PDF) од изворникот 2021-01-21. Посетено на 12 јули 2023.